Во Дирекцијата за заштита и спасување денеска пристигаат донациите за настраданите во поплавите од Словачка и од Холандија.
Донациите ќе бидат предадени во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.
Во Дирекцијата за заштита и спасување денеска пристигаат донациите за настраданите во поплавите од Словачка и од Холандија.
Донациите ќе бидат предадени во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.
Системите за наводнување капка по капка на експерименталното поле беа поставени веднаш по сеидбата на растенијата и според експертите одлично се развиваат и се очекуваат високи приноси со големи заштеди на вода и на репроматеријали.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска со Орден за воени заслуги ќе ги одликува Одделот за гранични работи и миграции и Единицата за обука и поддршка при Министерството за внатрешни работи.
На граничните премини денеска се можни задржувања од околу 20 минути за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија.
Денеска истекува рокот за пријавување во Државната изборна комисија на граѓаните со спорни записи во Избирачкиот список. Заклучно со вчера се пријавиле вкупно 6.984 граѓани, од 39.502 гласачи кои се сметаа за спорни во Избирачкиот список.
Ќе се испитуваат загаденоста и квалитетот на земјоделските површини во поплавените региони.
Стотици војници на Денот на армијата се во кризните места и го прославуваат работно. Помагаат на семејствата што подбргу нивните домови да се вратат во нормална состојба. На терен се и инжинеријата и воената полиција. Повеќето од улиците во поплавените региони се проодни.
Над 700 илјади евра се собрани на жиро- сметката на Фондот за солидарност и преку телефонскиот број за донации.
Универзитетите ги отворија вратите за студентите. Редици пред студентските прашања. Голем е интересот и за техничките науки, но, традиционално, најбарани се општествените науки.
Црвениот крст на Република Македонија соопшти дека досега се собрани 31.570.576 денари на сметката на Фондот на солидарност и 13.069.400 денари со повик на телефоните 075/070/077 143 400.