Државната изборна комисија (ДИК) ги интензивира активностите со кои ги повикува да се пријават во нејзините канцеларии или на веб-страницата граѓаните на кои не им се совпаѓаа податоците при проверките за прочистување на Избирачкиот список. До 19 август граѓаните можат да се пријават до ДИК.
-
Македонија 04.08.2016 10:25
-
Македонија 04.08.2016 10:01
Во голем дел локализиран пожарот во Богданци
Во голем дел е локализиран и ставен под контрола пожарот што вчера попладне избувна во околината на Богданци. На непристапните места тој се уште е активен, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување од Гевгелија.
-
Македонија 04.08.2016 09:44
Брачна двојка загина во езерото Калиманци
Брачна двојка од селото Дулица во Општина Македонска Каменица го загубила животот во водите од езерото Калиманци вчера доцна попладне.
-
Македонија 03.08.2016 16:25
Истражување: Хипернормираност во образованието и медиумската сфера
Истражувањето на Институтот за општествени и хуманистички науки покажало дека во државава постои хипернормираност, што значи дека и онаа материја којашто може да се уреди со подзаконски акти, се нормира во законите.
-
Македонија 03.08.2016 16:15
Жртви на патот Удово- Демир Капија
Седумгодишно дете остана без родители по стравичната сообраќајна несреќа што се случи изутрината околу 7 часот и 20 минути на патот Удово- Демир Капија кај месноста Света Петка.
-
Македонија 03.08.2016 15:09
Метео: Топлото време продолжува и во наредните денови
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и малку потопло време од денешното со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Топлото време ќе продолжи и во наредните денови, а во втората половина од викендот се очекува пад на температурите и локални врнежи од дожд.
-
Македонија 03.08.2016 14:57
Почна селекцијата за прием на 600 полицајци во МВР
На новиот оглас на Министерството за внатрешни работи се пријавиле 3.972-ца кандидати, 600 од нив ќе ја облечат сината униформа. Селекцијата се одвива во три фази. Прв тест - физичката подготвеност.
-
Македонија 03.08.2016 14:00
Во ДИК се пријавиле 1.224 граѓани со спорни записи
До 13:00 часот, денеска до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 1.224 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.
-
Македонија 03.08.2016 13:22
Евидентирани 80 бегалци во изминатите 24 часа
Во надворешниот шатор на ПТЦ Гевгелија изминативе 24 часа се евидентирани 80 бегалци кои се фатени во неколку обиди за нелегално минување на границата од Грција во Македонија и приведени од страна на граничната полиција, соопштија претставници на меѓународната организација за мигранти.
-
Македонија 03.08.2016 13:20
Собрание: Расправа за законот за студентски стандард
Пратениците во Собранието денеска ќе расправаат за измените на законот за студентски стандард.
Доколку бидат усвоени, студентите ќе можат да бидат тутори на ученици од средно и основно образование, со што би добивале поени за стипендија.










