Превртени, заглавени и оштетени возила, целосно уништен род, наноси земја и свлечишта по патиштата, вода во домовите и подрумите, е сликата во најкритичните точки близу скопската обиколница кои беа најпогодени од синоќешното невреме.
-
Македонија 07.08.2016 18:39
-
Македонија 07.08.2016 17:18
Во поплавените подрачја најпотребни храна, пелени, вода и средства за хигиена и дезинфекција
Конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена и средства за дезинфекција се најпотребни на населението во поплавените подрачја.
-
Македонија 07.08.2016 17:05
Загинати 21 лице во поплавите во Скопско
Дваесет и едно лице е последниот биланс на загинати во вчерашните поплави во скопскиот регион. Загинатите се од Сингелиќ, Стајковци, обиколница Смилковци и село Црешево.
-
Македонија 05.08.2016 14:05
Гостиварец почина во Градиште
М.Д. (18) од Гостивар синоќа починал на авто-кампот „Градиште“, соопшти полицијата.
Случајот е пријавен од Итната медицинска помош во 20.37 часот.
Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид.
-
Македонија 05.08.2016 13:57
Зголемен бројот на пријавените спорни гласачи до ДИК
Се зголемува бројот на пријави во Државната изборна комисија. До пладне до ДИК се обратиле над 2.100 граѓани, чиишто записи во избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни.
-
Македонија 05.08.2016 12:50
За викендот претежно сончево време со високо УВ зрачење
Синоптичарите за овој викенд најавуваат претежно сончево време, со високо УВ зрачење. Утре кон крајот на денот ќе има услови за нестабилна облачност и краткотрајни дождови. В недела пак, ќе има позначително наоблачување со повеќе дожд, грмежи и ветер.
-
Македонија 05.08.2016 12:43
Претседателот Иванов ќе ја предводи македонската делегација во Рим на канонизацијата на Мајка Тереза
На 4-ти септември, македонска државно- црковна делегација патува за Рим на свечениот чин на прогласувањето на Мајка Тереза за светица. Ќе ја предводи претседателот, Ѓорге Иванов. Ги поканил и лидерите на четирите најголеми политички партии.
-
Македонија 05.08.2016 12:13
Тетовчанец заразен од маларија
Дваесет и четири годишен Тетовчанец со маларија е хоспитализиран во карантинската соба на инфективна клиника. Болеста ја донел од Мали каде што работел- информираат од Институтот за јавно здравје.
-
Македонија 05.08.2016 12:07
Случај „Јагула“: Поднесено обвинение против две лица
Поднесено е обвинение против поранешниот градоначалник на Охрид Александар Петрески. Тој е обвинет во случајот „Јагула“. Се товари за злоупотреба на службената положба и за примање поткуп. Во истиот случај е обвинет уште еден соработник на градоначалникот.
-
Македонија 05.08.2016 10:18
Реконструкција на пешачките патеки во паркот „Жена борец“
Град Скопје информира дека ќе се изврши реконструкција на пешачките патеки во паркот „Жена борец“, ќе се постави ново осветлување, ќе се обнови зеленилото и ќе биде поставена нова урбана опрема.
Градежните работи на терен ги извршува фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци.









