Во Скопје се одржа првиот годишен форум за квалитетот на високото образование. Треба да се имплементира нов систем што ќе го следи исполнувањето на стандардите.
Викторија Милевска го следеше форумот.
Во Скопје се одржа првиот годишен форум за квалитетот на високото образование. Треба да се имплементира нов систем што ќе го следи исполнувањето на стандардите.
Викторија Милевска го следеше форумот.
Хаосот со сметот во Скопје го загрозува здравјето на граѓаните и ги изложува на заразни заболувања, предупредуваат од Институтот за јавно здравје. ИЈЗ излезе со препораки. Колку тие се почитуваат?
Андријана Ѓурческа известува.
Владината коалиција е стабилна, уверува премиерот Мицкоски. Испеглани се разликите со ВРЕДИ, уверува Мицкоски, кој ги отфрли шпекулациите дека дел од коалицијата ќе стане и Рамиз Мерко.
Кандидатите за градоначалници кои победија во првиот круг почнаа да ги преземаат функциите. Во Струмица веќе се случи промената. Попладнево, Костадин Костадинов ја напушти, а Петар Јанков седна во градоначалничката фотелја.
Ване Трајков известува.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење за вториот круг од Локалните избори 2025 година.
Единаесет месеци затворска казна за 43-годишниот родител, кој на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“ нападна двајца 15-годишни фудбалери.
Синоќа околу 20 часот на ул. „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници единицата за Интервентна полиција од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Т.(30) од Скопје.
Од денес со зимскиот ред на летање од македонските аеродроми и нови 11 рути. Директна врска ќе има до шведската престолнина. На листата директни авиолинии и Стокхолм, Штутгард, Бари, Ларнака-Кипар.
Утрово е најстудено на Попова Шапка, три степени, каде наврнал и најмногу дожд во изминатите 24 часа, 86 литри на метар квадратен.
Вчера во 16:20 часот на локален пат од село Арачиново кон село Брњарци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција ги лишија од слобода Ќ.И. (33) од Куманово и Е.И. (65) од с. Грушино.