Владината коалиција е стабилна, уверува премиерот Мицкоски. Испеглани се разликите со ВРЕДИ, уверува Мицкоски, кој ги отфрли шпекулациите дека дел од коалицијата ќе стане и Рамиз Мерко.
-
Македонија 27.10.2025 13:13
-
Македонија 27.10.2025 13:12
Примопредавање на градоначалничката функција во Струмица
Кандидатите за градоначалници кои победија во првиот круг почнаа да ги преземаат функциите. Во Струмица веќе се случи промената. Попладнево, Костадин Костадинов ја напушти, а Петар Јанков седна во градоначалничката фотелја.
Ване Трајков известува.
-
Македонија 27.10.2025 12:08
АВМУ: На полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од локалните избори
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење за вториот круг од Локалните избори 2025 година.
-
Македонија 27.10.2025 11:44
Затворска казна за родителот кој нападна фудбалери
Единаесет месеци затворска казна за 43-годишниот родител, кој на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“ нападна двајца 15-годишни фудбалери.
-
Македонија 27.10.2025 11:28
Лишен од слобода скопјанец кој синоќа пукаше со пиштол во Чаир
Синоќа околу 20 часот на ул. „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници единицата за Интервентна полиција од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Т.(30) од Скопје.
-
Македонија 27.10.2025 10:38
11 нови директни авиолинии од македонските аеродроми
Од денес со зимскиот ред на летање од македонските аеродроми и нови 11 рути. Директна врска ќе има до шведската престолнина. На листата директни авиолинии и Стокхолм, Штутгард, Бари, Ларнака-Кипар.
-
Македонија 27.10.2025 09:59
На Попова Шапка утрово најстудено и со најмногу дожд
Утрово е најстудено на Попова Шапка, три степени, каде наврнал и најмногу дожд во изминатите 24 часа, 86 литри на метар квадратен.
-
Македонија 27.10.2025 09:43
Пронајдена автоматска пушка во скопско, уапсени две лица
Вчера во 16:20 часот на локален пат од село Арачиново кон село Брњарци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција ги лишија од слобода Ќ.И. (33) од Куманово и Е.И. (65) од с. Грушино.
-
Македонија 27.10.2025 08:51
На автопатот Скопје-Велес поради одрон, сообраќајот се одвива по десната коловозна лента
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
На автопатот Скопје-Велес после патарина Сопот пред тунелите кај Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента.
-
Македонија 27.10.2025 08:48
Мицкоски во посета на ГОБ „8 Септември“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Владината прес-служба најави дека Мицкоски во ГОБ „8 Септември“ ќе изврши увид на нова апаратура која ќе биде поставена на одделот за физикална терапија и рехабилитација.










