Опозицијата поднела безмалку 1.000 амандмани до Комисијата за образование. Во Собранието контра ставови околу формирањето на новиот универзитет „Дамјан Груев“.
-
Македонија 03.02.2016 16:27
-
Македонија 03.02.2016 15:21
Метео: Утре облачно и постудено време
Утре во Македонија ќе преовладува облачно и постудено време со врнежи од дожд и од снег на планините.
Ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови значителен пад на температурите.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 03.02.2016 15:20
Стандардизирана регистрација на мигранти долж транзитната рута
Задолжително издавање унифициран и стандарден документ за регистрација за полесен увид на лицата што се движат по транзитната рута. Оние кои немаат документи или поседуваат лажни, нема да им се дозволи транзит.
-
Македонија 03.02.2016 13:36
Нови автобуски постојки на булеварите „Партизански одреди“ и „Јане Сандански“
Градот Скопје и ЈСП ги продолжуваат активностите за замена на старите и поставување на нови модерни автобуски постојки. Изминатиов период почна поставувањето на нови автобуски постојки по должината на трасите на булеварите „Јане Сандански“, „Партизански одреди“ и „Кузман Јосифовски-Питу“.
-
Македонија 03.02.2016 13:07
Повредените бугарски државјани во сообраќајката кај Ранковце ќе бидат транспортирани во Софија
Бугарски автобус со 45 патници синоќа излетал од магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кај селото Опила, Општина Ранковце, при што биле повредени 26 патници, од кои петмина потешко. На сите им била укажана лекарска помош, и се задржани на лекување во медицинскиот центар во Крива Паланка.
-
Македонија 03.02.2016 12:43
Времен прекин на сообраќајот кон Грција поради штрајк на грчките фармери
Поради штрајк на грчките земјоделци времено е во прекин сообраќајот за влез и излез од Македонија кон Грција на граничните премини Меџитлија, Стар Дојран и Богородица.
-
Македонија 03.02.2016 11:41
За 24 часа издадени 1.133 потврди за азил
За 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.133 странски државјани, од кои 478 од машки и 239 од женски пол, како и на 416 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, соопшти МВР.
-
Македонија 03.02.2016 11:20
Усвоена Националната стратегија за млади 2016-2025
Владата на Република Македонија ја усвои Националната стратегија за млади за периодот 2016- 2025 година.
-
Македонија 03.02.2016 10:30
Се преврте автобус кај Ранковце, повредени 26 патници
Синоќа на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кај селото Опила, Општина Ранковце, 48-годишен возач на бугарски автобус изгубил контрола врз возилото, излегол надвор од коловозот и слетал на земјена површина. Автобусот удрил во дрво и се превртел.
-
Македонија 03.02.2016 10:29
Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисиите за образование, наука и спорт, за труд и социјална политика, за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.










