Чешка ќе испрати контигент на чешки полицајци во Македонија. 27 припадници на специјалните единици на полицијата и кучиња ќе помагаат во заштита на Македонско- грчката граница, помош во совладување на бегалската криза.
-
Македонија 02.02.2016 10:25
-
Македонија 02.02.2016 10:23
Попоски на неформален состанок на ПСЈИЕ во Софија
Во Софија неформален состанок на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа(ПСЈИЕ). Акцент на сосотојбата со миграциите и бегалската криза.
-
Македонија 02.02.2016 10:16
Конкурс за давање на услуги од областа на здравјето на растенијата
По завршување на конкурсот Фитосанитарната управа ќе издава дозволи за вршење на лабораториски анализи, дијагностицирања на штетните организми и издавање на пасоши за растенија.
Пасошите се воведува првпат оваа година како пилот проект со поддршка на Европската Унија.
-
Македонија 01.02.2016 16:35
Законот и дал автономија на Јанева за разрешување на двете обвинителки
Специјалната јавна обвинителка, Јанева даде исказ пред комисијата зашто ги разрешила од нејзиниот тим обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева. Обвинителката ја бранеше својата одлука- смета дека има автономност да постапува, а така решила поради намалениот обем на работа.
-
Македонија 01.02.2016 16:24
Синдикатот на протест, Попоски тврди- воведени се високи критериуми во дипломатската служба
Ниски стандарди во извршувањето на работата, депрофесионализирана дипломатска служба- ова се причините поради кои Синдикатот на македонската дипломатска служба излезе на протест пред Министерството за надворешни работи.
-
Македонија 01.02.2016 15:19
Метео: Утре повисоки температури од денешните
Сончевото и натпросечно топло време во Македонија продолжува и утре со повисоки температури од денешните.
По одделни котлини можна е појава на утринска магла, а ќе дува и слаб ветер од јужен правец.
Во четврток се очекува промена на временската состојба.
-
Македонија 01.02.2016 14:59
Јанева образложи зошто ги исклучила двете обвинителки
Специјалната обвинителка Катица Јанева пред Комисијата на Советот на обвинители изјави дека нема ништо спорно во нејзината одлука за разрешувањето на обвинителките од нејзиниот тим Лејла Кадриу и Марија Ѓоргевска. Одлуката ја засновала врз намалениот обем на работа.
-
Македонија 01.02.2016 13:20
Судскиот процес за „Дива населба“ почнува на 9-ти февруари
На 9-ти февруари во скопскиот Кривичен суд е закажано судењето за групата обвинета за тероризам во кумановската „Дива населба“.
Обвинети се вкупно 30-мина, најголем дел се државјани на Косово, дека од јануари 2015 година подготвувале терористички напади во Македонија.
-
Македонија 01.02.2016 13:03
Собрание: Најнередовни лидерите на ДПА и ДУИ, Сугарески со најмногу предложени закони
Лидерите на ДПА и на ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети ја предводат листата на пратеници со најмногу оправдани отсуства од пленарните седници. Тачи отсуствувал на 78, а Ахмети на 72 заседанија, колку и неговиот сопартиец Хазби Лика.
-
Македонија 01.02.2016 12:54
Меџитлија и денеска затворен поради штрајк на грчките земјоделци
Сообраќајот на граничниот премин Меџитлија/Ники и денеска ќе биде во прекин неколку часа поради штрајк на грчките земјоделци кои ќе постават механизација во близина на границата.










