На интервјуто на претседателот Иванов за „То Вима“, реагираше грчкото Министерство за надворешни работи.
-
Македонија 04.04.2016 09:51
-
Македонија 04.04.2016 09:42
Житата добро напредуваат
Пченицата и јачменот добро напредуваат. Зимата ја поминаа успешно, но во моментов проблемот е високата влажност на почвата која не дозволува тракторите да влезат во нивите за прскање на посевите.
-
Македонија 04.04.2016 08:21
Македонија го одбележува Денот на НАТО
Во Скопје денеска ќе биде одблежан Денот на НАТО, односно денот кога пред 67 години беше формирана Северноатлантската алијанса.
На свеченоста во Домот на АРМ, како што е најавено, ќе се обрати министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски.
-
Македонија 04.04.2016 08:00
Собранието треба да ги констатира оставките на министрите од ДУИ
Собранието на Република Македонија денеска на пленарна седница треба да ги констатира оставките на министрите и замениците министри од ДУИ и, како што се очекува, да ги избере новите министри што синоќа ги предложи партијата.
-
Македонија 03.04.2016 15:12
Павлопулос: Отворете ја границата или заборавете на ЕУ и НАТО – Иванов: Се чини не ги сфаќате безбедносните ризици
Некои грчки политичари се чини дека не успеваат да ја сфатат сериозноста на безбедносните ризици што произлегуваат од кризата, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за грчкиот весник „То Вима“.
-
Македонија 01.04.2016 17:10
Новото намалување на лековите е дополнителна заштеда за граѓаните
Од денеска цените на 165 лека се намалени. Станува збор за деветто по ред намалување на цените на лековите согласно со методологијата на Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија.
-
Македонија 01.04.2016 16:33
МОСТ предлага измени на четири закони
Според законските прописи, потребни се околу 20 дена за завршување на постапката на поништување на личната карта и живеалиште, а доколку граѓанинот поднесе жалба и поведе управен спор процедурата може да се пролонгира и на повеќе од една година, тврди првиот човек на МОСТ, Алексов.
-
Македонија 01.04.2016 16:28
Груевски: Оставките на претставниците на ДУИ се внатрепартиска одлука
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оставките на претставниците на извршната власт на ДУИ ги оцени како внатрепартиска работа.
Немам некој посебен коментар. Се работ за внатрешна партиска одлука. Тоа е нивна одлука и јас не би ја коментирал, рече Груевски.
-
Македонија 01.04.2016 16:27
СДСМ: ДУИ дополнително ја комплицира политичката криза
Со денешниот потег ДУИ ја усложнува и дополнително ја комплицира политичката криза, велат од СДСМ. Според опозициската партија, ДУИ еднострано напушта техничка влада, формирана според договорот од Пржино, за спроведување на слободни, фер и демократски избори.
-
Македонија 01.04.2016 16:23
СЈО: Објавувањето на материјали од незаконско прислушување е казниво дело
Спцијалното обвинителство најостро го осуди објавувањето на телефонските снимки од приватни разговори, со кои како што велат се нарушува интегритетот, достоинството и моралот на определени лица.










