СДСМ: ДУИ дополнително ја комплицира политичката криза
Според опозициската партија, ДУИ еднострано напушта техничка влада, формирана според договорот од Пржино, за спроведување на слободни, фер и демократски избори...

Со денешниот потег ДУИ ја усложнува и дополнително ја комплицира политичката криза, велат од СДСМ. Според опозициската партија, ДУИ еднострано напушта техничка влада, формирана според договорот од Пржино, за спроведување на слободни, фер и демократски избори.
„Во периодот кога во рамки на проектот Вистината за Македонија беа објавувани докази и аргументи, за криминалот и курупцијата на коалициската влада, и кога стана јасно дека масовното незаконско прислушување на граѓаните се спроведувало во мвр, ДУИ ниту еднаш не повика на одговорност“, велат од опозициската партија и го осудуваат објавувањето снимки коишто задираат во приватноста на граѓаните и личниот живот.
