Утре истекува пролонгираниот рок за поднесување барања за легализација на дивоградби. Со последните измени на Законот за третман на бесправно изградени објекти, се овозможи да се поднесе барање за легализација до 31-ви овој месец до општините каде што е изграден објектот.
-
Македонија 30.03.2016 08:37
-
Македонија 30.03.2016 08:24
Прекин на сообраќајот на патниот правец Кичево - Охрид
На патниот правец А2 Кичево - Охрид, на делот Пресека - село Врбјани, денеска меѓу 13 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин, соопшти АМСМ.
Причина за прекинот кој ќе трае 15 - 20 минути, е изведување работи на пат.
-
Македонија 29.03.2016 16:23
Подобра дијагностика со новата камера за патофизиологија
Нова камера за побрзо и попрецизно дијагностицирање на малигни заболувања, срцеви и нефролошки, ќе биде набавена на Институот за патофизиологија и нуклеарна медицина. Двојно повеќе пациенти дневно ќе можат да ја користат оваа услуга.
-
Македонија 29.03.2016 16:00
ДИК го објави списокот на записи кои теренски се проверуваат
Државната изборна комисија на својата интернет страница го објави списокот со лицата кои имаат неконзистентни записи и кои подлежат на теренска проверка. На него се наоѓаат имињата на 89.384 граѓани. Најмногу записи за проверка на податоци има во Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Куманово.
-
Македонија 29.03.2016 15:28
СДСМ и ДУИ не гласаа за Законот за администрација
Во Собранието не помина предлог- законот за организацијата и работата на органите на државната управа. Гласаа само 55 пратеници.
Беше потребно двотретинско мнозинство. Пратениците од СДСМ и од ДУИ не гласаа.
-
Македонија 29.03.2016 15:13
Одложена расправата за измените во Законот за кривична постапка
Високи тонови, партиски препукувања. Уште незапочната, се одложи комисиската расправа за измените на Законот за кривична постапка.
-
Македонија 29.03.2016 14:20
Метео: Високи дневни температури во следниот период
Во наредните денови ни претстои период на тивко, стабилно, сончево и потопло време со високи дневни температури.
Најтопло ќе биде во петок со дневна температура до 26 степени.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 29.03.2016 13:51
Австријци ќе купуваат недвижности во Охрид
Австријци се заинтересирани за купување на имоти на брегот од Охридското Езеро.
-
Македонија 29.03.2016 13:05
ДИК го објави списокот на неконзистентни записи во избирачкиот список
Државната изборна комисија на својата веб- страница го објави списокот со лицата кои имаат неконзистентни записи и подлежат на теренска проверка. Од првичниот увид, од близу 90 илјади граѓани, најголем дел се етнички албанци.
-
Македонија 29.03.2016 12:59
Шефовите на дипломатиите од Западен Балкан на состанок во Драч
Утре и задутре во Драч се одржува состанок на шефовите на дипломатиите од Западен Балкан, што е продолжение на конференциите од берлинскиот процес на соработка, што се одржа во Берлин и во Виена.










