Утре истекува рокот за барања за легализација на дивоградби

30.03.2016 08:37

За новоподнесените барања е определен рок за доставување геодетски елаборати до крајот на наредната година...

Утре истекува пролонгираниот рок за поднесување барања за легализација на дивоградби. Со последните измени на Законот за третман на бесправно изградени објекти, се овозможи да се поднесе барање за легализација до 31-ви овој месец до општините каде што е изграден објектот.

Услов е објектот што е предмет на легализација да е изграден заклучно со 3-ти март 2011-та година. За новоподнесените барања е определен рок за доставување геодетски елаборати до крајот на наредната година.

Барања за легализација заклучно со утре ќе може да поднесат и компаниите што имаат инфраструктурни објекти, оптички, бакарни кабли, водоводи и друга инфраструктура.

Согласно со законските измени, до крајот на годинава е пролонгиран рокот за доставување геодетски елаборати за барањата за легализација поднесени во 2011-та година.