СДСМ бара во Собранието истовремено да се разгледуваат извештаите на обвинителите Јанева и Зврлевски.
ВМРО- ДПМНЕ го повтори ставот, Јанева не го почитува уставот. И денеска не се одржа комисиската седница за извештајот на специјалната обвинителка.
СДСМ бара во Собранието истовремено да се разгледуваат извештаите на обвинителите Јанева и Зврлевски.
ВМРО- ДПМНЕ го повтори ставот, Јанева не го почитува уставот. И денеска не се одржа комисиската седница за извештајот на специјалната обвинителка.
Синдикатот на УПОЗ продолжува со штрајкот. Бараат измени на законот за судска служба и зголемување на платите на судските службеници.
Незадоволни се од третманот на надлежните и за утре најавија дека ќе излезат на протест кој ќе почне пред Сојузот на синдикати на Македонија.
Во тек е обуката на контролорите за спроведување на теренската проверка на околу 90 илјади сомнителни гласачи во избирачкиот список.
Синоќа Специјалното јавно обвинителство спроведе акција во Централниот регистар која траела до изутрината. На обвинителството му биле предадени сите барани документи. За сега не се открива за која предистражна постапка станува збор.
Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред в недела во 2 часот наутро почнува летното сметање на времето. В недела часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, односно времето во два часот ќе се смета како три часот.
Во Србија вчера во 14 часот е уапсен поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски, по кого беше распишана потерница од страна на македонските власти, потврдија за МИА од МВР, од каде што посочуваат дека тече постапката за негова екстрадиција.
Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска со промоција на доктори на науки и на каталог на изданија на УГД го започнува одбележувањето на деветгодишнината од своето основање.
Настанот ќе се одржи во 12:00 часот во свечената сала во Ректоратот на УГД.
Сообраќајот во земјава се одвива без забрани, по влажни коловози, информира АМСМ. Сепак оттаму предупредуваат за внимателно возење поради можности за одрони во делниците кои минуваат низ клисурите.
Дождливо време во земјава. Најмногу врнежи се забележани во Пожар, Радовишко- 54 литри на метар квадратен, Пожаране, Тетовско со 25 литри, Берово 24, Тетово и Виница по 20 литри.
Понудени се вкупно скоро 800 хектари од кои поголемите површини се во Штип 340, Струмица 120 и Велес 64 хектари.
Парцелите се наменски за сточарите, односно за производство на добиточна храна, житни, фуражни и индустриски култури за период до 15 години.