Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет и за образование, наука и спорт.
-
Македонија 24.03.2016 09:14
-
Македонија 23.03.2016 17:02
Иванов телефонски со Меркел за бегалската криза
Претседателот Иванов телефонски ја контактираше Ангела Меркел за последните случувања и состојби со мигрантската и бегалската криза, по одлуката за затворање на Западно- балканскиот коридор.
-
Македонија 23.03.2016 16:14
Пропадна уште еден обид за разгледување на извештајот на СЈО
„Оваа Комисија и ова Собрание како највисок дом на оваа држава, не може да го разгледува овој извештај без присуството на подносителот на извештајот“ - рече претседателот на Комисиајта за политички систем, Влатко Ѓорчев.
-
Македонија 23.03.2016 16:04
Нова опрема за рано дијагностицирање на туберколоза
На Институтот за белодробни заболувања во Скопје набавена е нова апаратура за рано откривање на туберколоза, односно утврдување латентна инфекција од ова заболување.
-
Македонија 23.03.2016 15:45
СДСМ поднесе Предлог-закон за дополнување на Законот за помилување
СДСМ во собранието достави предлог измени на Законот за помилувања. Како што рече координаторот на пратеничката група Горан Сугаревски, со тоа би се пополнила празнината што настана, со одлуката на Уставниот суд за укинување на одредбите од законот.
-
Македонија 23.03.2016 15:29
Се подготвува третиот акциски план за отворено владино партнерство
Националниот акциски план за отворено владино партнерство треба да ја подигне отвореноста на институциите и да ја зголеми одговорноста пред граѓаните, вели министерската Арсовска- Томовска.
-
Македонија 23.03.2016 14:59
Димовски: Јанева да се извини за вчерашната изјава
Бараме обвинителката Јанева да се извини за навредите кон државните институции. Со нивното негирање, таа се негира себе си, бидејќи во Собранието беше избрана со консензус, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
-
Македонија 23.03.2016 14:38
Аневски: Нужно е Јанева да присустувува на седницата и да го образложи извештајот
Советот на јавните обвинители бара обвинителката Јанева да присуствува на седницата и да го образложи извештајот. Јанева и денеска не се појави пред колегите. Смета дека законот не ја обврзува лично да го образложи извештајот.
-
Македонија 23.03.2016 14:05
Брисел: Уапсениот не е третиот осомничен за нападите
Откако претходно беше соопштено дека белгиската полиција го уапсила Наџим Лахрауи, третиот и единствен преживеан осомичен напаѓач во вчерашните терористички напади во Брисел, белгиските медиуми ја повлекоа веста со образложение дека уапсениот бил погрешно идентификуван.
-
Македонија 23.03.2016 13:54
Метео: Утре облачно со повремени врнежи од дожд
Утре во Македонија ќе се задржи претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд.
Врнежите ќе бидат поинтензивни во западните делови, ќе дува умерен повремено засилен северен ветер кој што ќе создаде услови за пад на температурата и снег на планините.










