Денот на народното востание 11 октомври 2015 година (недела), односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
-
Македонија 05.10.2015 13:19
-
Македонија 05.10.2015 13:02
Земјотрес почувствуван во западна Македонија
Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11 часот и 13 минути во западните делови од Македонија.
-
Македонија 05.10.2015 12:48
МВР: За 24 часа издадени 2.543 потврди за азил на странски државјани
Во последните 24 часа, издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.543 странски државјани, од кои, 1.645 се од машки пол, 297 се од женски, 498 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 103 деца кои патуваат без
-
Македонија 05.10.2015 12:09
Две гостиварки затруени од печурки
Две гостиварки од населбата „Циглана“ на возраст од 67 и од 30 години во бесознание вчера попладне биле донесени во гостиварската болница откако најверојатно се затруле со отровни печурки.
-
Македонија 05.10.2015 11:40
Повторно одложено рочиштето за случајот „Пуч“
Во скопскиот Кривичен суд повторно одложено рочиштето за случајот „Пуч“,во кој 4-то обвинет е Зоран Заев. Повторно причина за одложувањето- отсуството на Заев.
-
Македонија 05.10.2015 11:17
Еден загинат во сообраќајка на патот Кичево-Демир Хисар
42-годишен прилепчанец од селото Воѓани утрово го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на патниот правец Демир Хисар-Кичево, кај местото викано „Зли Дол“ во близина на каменоломот.
-
Македонија 05.10.2015 10:54
До утре работните групи треба да ги затворат прашањата поврзани со изборната регулатива
До утре работните групи треба да ги затворат сите прашања поврзани со изборната регулатива. Некои сегменти се речиси при крај, како составот на Државната изборна комисија и нејзините овластувања. Според партиски информации, засега се чини дека е затворено прашањето за составот на ДИК.
-
Македонија 05.10.2015 10:48
Нов обид за рочиште за случајот „Пуч“
Во скопскиот Кривичен суд нов обид за рочиште за случајот „Пуч“. На обвинителната клупа треба да седне 4-то обвинетиот Зоран Заев. Претходното судењето два пати беше одложувано поради отсуството на Заев.
-
Македонија 05.10.2015 10:39
Парламентарна делегација на Чешка во посета на Македонија
Парламентарна делегација на Чешката Република престојува во работна посета на Македонија.
Во Собранието чешките парламентарци ќе имаат средба со потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски.
Теми на разговорот се јакнење на соработката на парламентите на двете држави.
-
Македонија 05.10.2015 10:35
На „Ало докторе“ досега 55.313 повици
На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела се регистрирани 1.280 повици. Од воведувањето на линијата во септември минатата година досега имало 55.313 повици, соопшти Здравствен дом Скопје.










