Минатата седмица на телефонската линија „Ало докторе“ биле регистрирани 1.331 повик. Јавувањата се однесувале за широк спектар на најразлична симптоматологија.
-
Македонија 15.02.2016 09:50
-
Македонија 15.02.2016 09:39
Високите температури ризични за земјоделството
Релативно високитата температура која се очекува неделава е неповолна поради зголемување на опасноста од предвремениот почеток на вегетацијата кај овошките и виновата лоза, а со тоа и нивната помала издржливост на ниски температури.
-
Македонија 15.02.2016 08:17
Иванов на Самитот на земјите од Вишеградската група
Македонскиот претседателот Ѓорге Иванов денеска во Прага ќе се обрати на пленарната сесија на вонредниот Самит на земјите од Вишеградската група (В4).
-
Македонија 14.02.2016 10:01
Шефот на холандската дипломатија Берт Кундерс во посета на Македонија
Министерот за надворешни работи на Кралството Холандија Берт Кундерс денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.
-
Македонија 12.02.2016 16:28
Димитриев се сретна со потпретседателот на ЕП
Претседателот на владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев, на средба со потпретседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани. Разговарале за реформите кои се важни за Евро-атлантската интеграција на земјава, како и за бегалската криза.
-
Македонија 12.02.2016 16:21
Јавниот сектор брои 127.139 вработени во 1.266 институции
Јавниот сектор брои 127.139 вработени – соопшти министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска – Томовска. Работат во 1.266 институции. Бројот е намален за речиси 1 процент во однос на лани. Регистарот на вработени е веќе во функција.
-
Македонија 12.02.2016 15:58
Низ Македонија ќе поминат толку мигранти колку што ќе прими ЕУ
„Колку мигранти ќе влезат во Македонија, зависи од тоа колку ќе бидат примени во земјите на Европската унија“ - изјави министерот Попоски по средбата со неговиот австриски колега Себастијан Курц во Скопје.
-
Македонија 12.02.2016 15:40
„Титаник“ за изборни нерегуларности
Специјалното јавно обвинителство ја најави акцијата „Титаник“ - првиот предмет се однесува на изборни нерегуларности. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека е отворена истражна постапка за повеќе лица осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои и за злосторничко здружување.
-
Македонија 12.02.2016 15:16
Експерти: Да се отстранат еколошките бомби
Депониите на рудниците, остатоците од старите индустриски капацитети од металургиската и хемиската индустрија се еколошки бомби кои директно влијаат врз здравјето на луѓето. Експертите апелираат, потребни се итни мерки за нивно отстранување.
-
Македонија 12.02.2016 15:01
Донација од САД за полесно справување со предизвиците од бегалската криза
Агрегати, кревети, вреќи за спиење, ќебиња- тоа е само дел од помошта што Американската армија му ја донираше на Црвениот крст. Опремата вредна 300 илјади долари ќе се користи за поефикасно справување со предизвиците поради постојаниот наплив на мигрантите.










