Утре во Македонија ќе преовладува сончево и релативно топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во среда попладне се очекуваат врнежи од дожд и од снег на планините.
Глеадјте МЕТЕО со Наташа Алексоска
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и релативно топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во среда попладне се очекуваат врнежи од дожд и од снег на планините.
Глеадјте МЕТЕО со Наташа Алексоска
Основното јавно обвинителство- Скопје ја извести јавноста дека за настанот што обвинителството го оформи по допрен глас за случајот на Тамара Димовска од Велес, спроведе низа дејствија.
Народниот правобранител Иџет Мемети ги повика сите институции кои се надлежни за изборниот процес да ги почитуваат и спроведуваат правилата со цел на граѓаните да им овозможат избирачкото право да го остварат на слободни избори со тајно гласање, без никави уцени, притисоци и заплашувања.
Утре почнува судењето за кумановските настани од мај минатата година. На обвинетилната клупа ќе седнат 29-мина. Ќе им се суди за тероризам и за нарушување на уставниот поредок.
Западниот Балкан, особено Македонија и Србија не смеат да бидат оставени на цедило, изјави, шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц по вчерашната посета на Сараево, нагласувајќи ја притоа позитивната улога на двете земји при справувањето со бегалската криза.
Армијата ги започна активностите за поставување на двојна жичана ограда на јужната граница. Портпаролот на генералштабот, полковникот Тони Јаневски за МТВ потврди дека активностите на АРМ се одвиваат кај котата 59, од западна и од источна страна.
Продолжува набавката на електромобили за потребите на Градот Скопје. ЈП Комунална хигиена со четири нови возила ќе ја одржува хигиената на градскиот плоштад и на улицата „Македонија“.
Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.841 странски државјани, од кои 1.090 од машки и 657 од женски пол, како и на 1.091 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и три деца кои патувале без родител,
На телефонската линија за медицински совети, 02/15 123 „Ало Докторе“, изминатава недела биле регистрирани 1.172 повици. Јавувањата на телефонската линија биле од граѓани од сите градови на Македонија.
Бегалскиот бран се зголемува, а кризата не само што не се решава, туку ескалира. Безбедносните аналитичари предлагаат Македонија да ја интензивира соработката со силите за безбедност на соседите, а потребна е и финансиска и кадровска помош од ЕУ за справување со мигрантите.