Пораката на Папата Франциск во Вашингтон е љубов и враќање кон семејните вредности. Денеска Папата ќе биде примен во Белата куќа и ќе посети три католички цркви во Вашингтон.
-
Македонија 23.09.2015 11:14
-
Македонија 23.09.2015 11:05
Водата од струшкиот водовод технички исправна, забраната за користење останува
Водата за пиење во Струга е технички исправна, но се уште е забранета за пиење и за готвење – покажале последните анализи од Центарот за јавно здравје - Охрид. Забраната ќе биде тргната само доколку наредните три анализи покажат дека водата е микробиолошки исправна.
-
Македонија 23.09.2015 10:50
Интерес за отворање винарски визби
Од некогашните 86 регистрирани винарски визби годинава има 74. Намалувањето е поради построгите законски услови за производствените капацитети и опремата, и исполнувањето на обврските кон лозарите.
-
Македонија 23.09.2015 08:45
Двочасовен прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево
На патниот правец А2 Охрид – Кичево (планински премин Пресека – с.Врбјани) поради изведување градежни работи на пат (минирање), денеска помеѓу 13:00 и 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 до 20 минути.
-
Македонија 23.09.2015 08:41
Министерот за надворешни работи на БиХ во посета на Македонија
Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана од шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. -
Македонија 23.09.2015 08:38
Пратенички прашања на собраниска седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 66-тата седница.
На седницата ќе бидат поставувани пратенички прашања.
-
Македонија 22.09.2015 17:29
Реализација на проекти во Битолско
По 30-тина години, реконструкција на патот Битолa – Ресен – Буково. Оваа делница е долга 27 километри. Планот е магистралата да биде завршена за една година.
-
Македонија 22.09.2015 16:49
Нов мамограф за гевгелиската болница, Николоќ ќе добие матичен лекар
Една деценија стариот и расипан мамограф во гевгелиската општа болница ќе се замени со нов, најави ресорниот министер Тодоров. Здравствена услуга ќе може да добиваат околу 450 илјади жители и од околните места.
-
Македонија 22.09.2015 16:24
Затворени предметите против Бугарија поврзани со слободата на собирање на македонското малцинство
Пресудите на Судот од Стразбур беа донесени во октомври 2011-та, и се однесуваа на кршењето на правото за слободно собирање на органиациите кои имаа за цел „признавање на македонското малцинство во Бугарија“, односно забраната на нивните собири меѓу 2004-та и 2009-та.
-
Македонија 22.09.2015 16:04
Тодоров во Дојран: 5 нови доктори во Итната медицинска помош
Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска ја посети амбулантата во општина Дојран.
На средбата беше објавено дека во Итната медицинска помош во Здравствениот дом се вработени 5 нови доктори, со што се овозможува континуирано преку целата година оваа амбуланта да работи 24 часа.









