• Македонија 02.09.2015 12:52

    Издадени потврди на 1.487 мигранти

    Во изминатото деноноќие издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на 1.487 странски државјани, од кои 939 се од машки пол, 203 од женски, а 288 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 57 деца кои патуваат без родител.

  • Македонија 02.09.2015 12:49

    Новото средно училиште во Шуто Оризари ќе биде пуштено во употреба

    Премиерот Никола Груевски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на ново средно училиште во општина Шуто Оризари.
     
  • Македонија 02.09.2015 11:07

    Седница на Националниот совет за евроинтеграции

    Во Законодавниот дом седница на Советот за евроинтеграции. На дневниот ред јавна расправа по предлог- законот за безбедност во сообраќајот. Освен од пратениците, се очекуваат и експертските мислења како до поквалитетни решенија од областа на безбедноста на патиштата.

  • Македонија 02.09.2015 10:57

    Судот ги отфрли снмките од прислушувањето како незаконити

    Скопскиот Кривичен суд го прифати барањето на одбраната на владините функционери, од предметот за случајот „Прислушување“ што беше оформен по кривичната пријава од СДСМ, да се издвојат снимките од телефонски разговори и траснкриптите, затоа што биле незаконски прибавени докази, соопштија од Судот

  • Македонија 02.09.2015 10:48

    Изгаснат пожарот кој пустошеше над Велес

    Ноќеска околу еден часот по полноќ изгаснат е пожарот што вчера попладне пустошеше над Велес. И натаму теренот го надлетуваат противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување заради превенција.

  • Македонија 02.09.2015 10:42

    Добар род на оризот

    Оризот добро се развива. Досегашните временски услови овозможуваат надпросечни приноси и квалитетен род.

    Доколку се задржат до жетвата наесен оризопроизводителите се надеваат дека ќе соберат скоро 6 тони по хектар.

  • Македонија 02.09.2015 10:09

    Францускиот државен секретар за европски прашања Арлем Дезир во Македонија

    Делегација на француското Министерство за надворешни работи и меѓународен развој, предводена од државниот секретар за европски прашања Арлем Дезир, престојува во еднодневна работна посета на државава.

  • Македонија 02.09.2015 09:33

    Министерот Јолевски во работна посета на Полска

    Министерот за одбрана Зоран Јолевски е во еднодневна работна посета на Полска.  Предвидена е средба со неговиот домаќин, министерот за национална одбрана, Томаш Шимоњак.

  • Македонија 01.09.2015 17:18

    Изградба на нови училишта

    На стартот на учебната година отворени се вратите на новото основно училиште „Живко Брајковски“ во општината Бутел. Има 25 училници, нови кабинети, опрема и библиотека. Од 2006-та досега за изградба и реконструкција на училишта од буџетската каса се искористени 50 милиони евра.

  • Македонија 01.09.2015 17:08

    Нови 1,1 милион евра инвестиција во опрема во здравството

    Покрај најавените инфраструктурни инцвестиции во здравството, ќе биде набавена и нова медицинска опрема на неонатологија на интензивната нега на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје и на Универзитетската клиника за гинекологија. Опремата чини 50 милиони денари.

Pages