Не постои повисока цел од отворањето на демократските перспективи на Македонија, порача собранискиот спикер Трајко Вељаноски.
-
Македонија 31.08.2015 14:50
-
Македонија 31.08.2015 14:45
Мирно на јужната граница, не стивнува бранот мигранти
На јужната граница е мирно, без тензии, но не стивнува бранот бегалци што влегуваат во државава од Грција. Министерот за одбрана Јолевски и началникот на генералштабот генерал-потполковник Величковски се на теренот за да ја согледаат фактичката состојба на овој дел од државната граница.
-
Македонија 31.08.2015 14:44
Обвинетиот за сообраќајката кај ТЦ Зебра ја призна вината
Виновен сум. Немам зборови со кои можам да искажам жалење. Чувствувам голем товар. Тој кобен ден ми се уништија сите планови што ги имав со девојката за да основам семејство. По несреќата на госпоѓа Сузана и пружив прва помош, но не успеав да ја спасам.
-
Македонија 31.08.2015 13:47
Битолската болница целосно ќе се реконструира
Утре ќе бидат отворени понудите на тендерот за реконструкција на битолскиот Kлинички центар. Oва е првиот сериозен зафат на овој објект досега, по што се очекува заштеда од околу 35% на трошоците за електрична енергија во иднина. До октомври 2016-та, Битолската болница ќе го добие новиот изглед.
-
Македонија 31.08.2015 13:37
Јолевски во посета на припадниците на АРМ на границата со Грција
Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на генералштабот на АРМ генерал потполковник Величковски, на терен, на дел од јужната граница, каде што се распоредени припадници на АРМ, кои во координација со полицијата го координираат влезот на мигрантите од Грција.
-
Македонија 31.08.2015 12:40
На Плетвар загинаа две, а повредени се пет лица
Двајца загинати и петмина повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на превојот Плетвар при судир на три возила, патничко и две товарни. Повредените, според последните информации се со полесни повреди и се надвор од животна опасност.
-
Македонија 31.08.2015 12:34
Учениците од утре на настава
За околу 275.000 основци и средношколци завршува летниот распуст и од утре за нив почнува новата 2015/2016 година. Првпат во училишните клупи ќе седнат и околу 20.000 првачиња.
Од вкупниот број ученици, околу 190.000 се основци и околу 85.000 средношколци.
-
Македонија 31.08.2015 12:21
Почна судењето за сообраќајката кај ТЦ Зебра
Почна судењето на Бојан Блажевски обвинет за сообраќајката кај Трговскиот центар Зебра, во која настада новинарката на Македонското радио Сузана Тодоровска –Павловска.
-
Македонија 31.08.2015 12:02
Издадени потврди на нови 1.217 мигранти
Во изминатото деноноќие издадени се потврди на 1.217 странски државјани, од кои 856 се од машки пол, 144 од женски, а 173 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 44 деца кои патуваат без родител.
-
Македонија 31.08.2015 11:03
Продолжува изградбата на 126 километри експресни патишта вредни 276 милиони евра
Проектот за експресните патишта се одвива одлично. На дел од патиштата во тек се градежни активности, а за оние што не се почнати, подготовките се во завршна фаза, изјави во Дојран премиерот Никола Груевски, одговарајки на новинарско прашање.










