Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Коце Трајановски, денеска беше во посета на Тетово, по силното невреме и поплавите што вчеравечер го зафатија градот и неговата околина.
-
Македонија 04.08.2015 15:26
-
Македонија 04.08.2015 15:18
Владата ќе ги обесштети поплавените семејства во Тетовско
По 30 илјади денари еднократна парична помош ќе добијат семејствата погодени од поплавите во Тетовско и во регионот – одлучи Владата на денешната седница. Ќе биде формирано Координативно тело кое ќе врши проценка на штетите.
-
Македонија 04.08.2015 14:56
За 20% намален бројот на мајките кои ги дојат новороденчињата
Мајчиното млеко во првата година од животот е поврзано со првата насмевка, со првото плачење. Кога расне и се развива тоа е храна и лек за бебето. Нешто незаменливо. Доењето е благослов за правилен раст и развој на едно здраво дете– велат лекарите.
-
Македонија 04.08.2015 14:30
Почна селекцијата на кандидатите за полицајци
Почна селекцијата на физичката подготвеност на кандидатите за полицајци. На огласот се пријавиле 2.622-ца. Според МВР ова е солидна бројка за да се изберат најдобрите коишто ги исполнуваат условите да ја носат сината униформа.
-
Македонија 04.08.2015 14:27
Прилепскиот кризен штаб презема мерки за санација на штетите од невремето
Кризниот штаб во Прилеп веќе ги презеде првичните неопходни мерки за санација на штетите од вчерашното невреме.
Се поправаат дефектите на водоводната мрежа, се мијат улиците и се расчистуваат паднатите дрвја. Упатен е и апел до граѓаните за пријавување на штетите.
-
Македонија 04.08.2015 14:23
За четири дена издадени 2.924 потврди за азил
Од 31 јули до денеска се издадени потврди за азил на вкупно 2.924 странски државјани, од кои 1.947 машки, 382 женски и 557 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 38 деца кое патуваат без родител, соопшти Министерството за внатрешни работи. -
Македонија 04.08.2015 13:55
Екипи на ЕВН ги острануваат дефектите од невремето
По синоќешното невреме во кавадаречкиот регион во кое неколку села останаа без струја екипи на ЕВН Македонија работат на отстранување на дефектите. -
Македонија 04.08.2015 13:29
Маж и жена тешко повредени, со автомобил удриле во воз
Маж и жена од светиниколското село Ерџелија се тешко повредени, откако автомобилот со кој патувале се судрил со воз на пругата во близина на селото Кадрифаково, Штипско.
-
Македонија 04.08.2015 13:12
Повредениот од невремето во Тетовско во добра здравствена состојба
Во добра здравствена состојба е хоспитализираниот жител од Тетовско на Клиничкиот центар во Скопје. Доцна синоќа бил примен со скршеница на подлактицата.
Нема сериозни повреди, велат докторите од одделот за трауматологија.
-
Македонија 04.08.2015 12:24
Расчистен патот Тетово- Попова Шапка
Расчистен е патниот правец Тетово- Попова Шапка. Сообраќајот се одвива нормално во двата правца.
Поради излевање на реката во село Доброште целосно е во прекин регионалниот пат Тетово- Јажинце.










