Се бројат и се расчистуваат последиците од невремето во Тетовско. Со механизација се расчистуваат урнатините од селата Шипковица, Голема и Мала Речица.
-
Македонија 06.08.2015 15:08
-
Македонија 06.08.2015 15:02
Имунизација: 43 деца ја примија новата шествалентна вакцина, нема несакани реакции
За два дена, 43 деца се имунизирани со шествалентни валкцини. Освен локално црвенило, педијатрите кај нив не забележале други реакции, како зголемена температура. Овие вакцини веќе се дистрибуирани во сите градови низ земјава. Петвалентните ќе бидат достапни од септември.
-
Македонија 06.08.2015 14:32
Парична помош од Општина Гостивар за настраданите во Тетовско
По иницијатива на градоначалникот Невзат Бејта, Советот на општина Гостивар усвои одлука за распределба на 600 илјади денари за Тетово.
Се солидаризираа и советниците донирајќи го месечниот паушал. Вкупниот износ достигна 1.120.797 денари.
-
Македонија 06.08.2015 14:24
Градоначалникот Трајановски во посета на Шипковица
Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Коце Трајановски, денеска го посети тетовското село Шипковица заедно со екипа од 40 работници од ЈП „Комунална хигиена“.
-
Македонија 06.08.2015 13:53
Над 40 деца примиле шествалентнa вакцинa
Досега 43 деца во Здравствениот дом Скопје се вакцинирани со шествалентната вакцина којашто веќе е распределена во сите центри за имунизација во земјава. Нема несакани реакции кај вакцинираните деца. Локалното црвенило минува за 24 часа.
-
Македонија 06.08.2015 13:34
Издадени уште 768 потврди на мигранти за намера за барање азил
На уште 786 мигранти им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во изминатото деноноќие. Такви потврди досега се издадени на вкупно 27.233 странски државјани, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 06.08.2015 13:14
Албански државјани незаконски ловеле пастрмка во Охридско Езеро
500 метри рибарски мрежи, триесет килограми риба и стотина примероци риболовна опрема се одземени при патролирањето на Охридската гранична полиција.
-
Македонија 06.08.2015 13:04
Полициска операција против Исламска држава, привердени 9 лица кои регрутирале македонски државјани
Македонските безбедносни сили се справуваат со припадници на Исламска држава во земјава.
-
Македонија 06.08.2015 11:10
Заменик-министерот за земјоделство Костадиновски во Прилепско
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски денеска ќе ги посети поплавените места во Прилепско.
-
Македонија 06.08.2015 10:27
Двајца повредени во инцидент во кумановско Лопате
Две лица се повредени во инцидентот што се случи синоќа на локалниот пат Куманово-Лопате во близина на железничкиот премин во Лопате. До инцидентот дошло по претходна расправија помеѓу две групи.










