Во акцијата на Управата за јавни приходи во Охрид спроведена викендов, откриени се неправилности во работењето кај 8 угостителски објекти. Ним им биле изречени глоби и мерка за времено затворање во период од 15 дена, поради неиздавање фискални сметки.
-
Македонија 20.07.2015 10:40
-
Македонија 20.07.2015 10:38
Високи температури, УВ индекс 9
Неделава не очекуваат високи температури, околу 40-тиот степен целзиусов. УВ индексот на зрачење, исто така ќе биде висок – 9. Високите температури негативно може да се одразат на здравјето на луѓето, оттаму надлежните институции предупредуваат на крајна внимателност.
-
Македонија 20.07.2015 10:17
Питачењето и туризмот не одат заедно
Питачењето во Струга и Охрид во летниот период претставува голем проблем со оглед дека питачи од целата држава доаѓаат во овие два града. Но, уште поголем проблем претставува питачењето на деца кои работат за своите родители или во полош случај за трети лици.
-
Македонија 20.07.2015 10:12
Совет за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Македонија во Брисел
Денеска попладне во Брисел ќе заседава Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската Унија.
-
Македонија 19.07.2015 19:04
Груевски: Со договорот се стави точка на еден лош период за државата
Веќе е постигнат договор за решавање на политичата криза, сега имаме еден период на деескалација на кризата, може ли една ваша лична оценка, односно едно ваше видување на можностите кои е нудат по склучување на овој договор?
-
Македонија 19.07.2015 17:19
Метео: Утре температура до 40 степени
Сончевото и многу топло време во Македонија продолжува. Утре ќе има појава на мала облачност во западните делови од земјава, ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 40 степени.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 17.07.2015 16:23
Топлотен бран: Да се почитуваат препораките на лекарите
Топлотен бран со температурa над 40 –от степен и висок УВ степен на зрачење. Македонија од понеделник влегува во портокалова алертна фаза. Жешкото време ги зголеми повиците во итната медицинска помош. Лекарите велат дека на удар се старите лица и хронично болните.
-
Македонија 17.07.2015 15:38
Дел од плажите на охридското крајбрежје немаат спасители
Иако измина една третина од летната сезона дванаесеттина плажи на охридското крајбрежје кои се издадени под концесија сеуште се необележани и немаат ангажирано спасители на вода.
-
Македонија 17.07.2015 15:05
Рамазан Бајрам: МТВ на гости кај семејството Суљимани
Топло добредојде за екипата на МТВ во домот на семејството Сулимани. Овде, од рано утро се прославува Рамазан Бајрам, празникот со кој се заокружува светиот месец.
-
Македонија 17.07.2015 14:44
Државната кардиохирургија рамо до рамо со светските клиники
Државната кардиохирургија рамо до рамо со светските реномирани здравствени институции, оценува врвниот кардиохирург Омер Џемаили. Во изминативе два дена со тимот македонски кардиохирурзи извршил шест операции. Сите пациенти се во добра здравствена состојба и немаат потреба од интензивна нега.










