Маратонот истрчан, политичката криза решена. Четворицата лидери на најголемите политички партии во земјава со посредство на еврохомесарот Хан се договорија вонредните собраниски избори да се одржат на 24-ти април наредната година.
-
Македонија 15.07.2015 13:04
-
Македонија 15.07.2015 10:39
Група конгресмени со повик до Џон Кери за членство на Македонија во НАТО
Американскиот конгресмен, Републиканец од Њу Џерси, Бил Паскрел како лидер на надпартиската делегација во Конгресот, испрати писмо до американскиот државен секретар Џон Кери со барање Македонија да се прими во НАТО.
-
Македонија 15.07.2015 10:29
Почна откупот на пченица
Во прилепско почнува откупот на пченицата од годинешната реколта, а мелничарите се подготвени да платат по 11 денари од килограм лебно зрно, за прва класа.
-
Македонија 15.07.2015 10:26
Ставридис: Македонија е подготвена за членство во НАТО
Македонија е подготвена за членство во НАТО и сега треба да се искористи ситуацијата во Грција за надминување на спорот со името.
-
Македонија 15.07.2015 10:20
Заштитни мрежи во земјоделството - новина за домашните производители
Додека во развиените земји се вообичаена практика, заштитните мрежи се новина за нашите производители. Основна функција им е заштитата од град, и намалување од штетното УВ зрачење.
Мрежата се користи и за заштита од доцните пролетни мразеви, особено за праските и кајсиите.
-
Македонија 15.07.2015 08:51
Библиотека на плажа во Дојран
Посетителите на Градската плажа во Дојран од денеска ќе можат да читаат книги бесплатно.Првата библиотека на плажа во Дојран, според најавите од општината, ќе понуди голем број книжевни наслови. -
Македонија 15.07.2015 08:43
Седници на четири собраниски комисии
Во републичкото Собрание за денеска се најавени седници на комисите за труд и социјална политика, за здравство, за транспорт, врски и екологија и за надворешна политика. -
Македонија 15.07.2015 08:01
Политичката криза решена, избори на 24-ти април
Предвремени парламентарни избори во Македонија ќе се одржат на 24 април следната година. Сто дена пред изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе номинира привремен премиер, што ќе биде системско решение и за сите наредни избори. -
Македонија 14.07.2015 16:31
Матурантите ги добија резултатите, право на приговор во наредните три дена
Средношколците ги добија оцените од државната матура од јунската сесија. Матурантите кои ги анкетиравме генерално задоволни од постигнатите резултати. Учениците кои имаат забелешка од резултатите може да поднесат приговор кај предметните комисиии во училиштата во наредните три дена.
-
Македонија 14.07.2015 16:27
„Мој термин“: Несовесните пациенти создаваат вештачки долга листа на чекање
Пациенти закажувале „Мој термин“ и по 17 пати и воопшто не се појавиле кај доктор. Ќе бидат предупредени дека незаконски и несовесно постапувале со системот. Со нивните постапки ги спречиле пациентите на кои им е неопходен брз преглед да добијат термин.










