-
Македонија 08.07.2015 11:31
Во сообраќајката кај ТЦ „Зебра“ загина новинарката Сузана Тодоровска Павловска
Во сообраќајна несреќа синоќа загина Сузана Тодоровска Павловска, новинар во Македонското радио. -
Македонија 08.07.2015 10:51
Македонија во жолта фаза, 40 степени и УВ индекс 9
Македонија e во жолта фаза, поради влијанието на многу топла воздушна маса што предизвикува значителен пораст на дневните температури. УВ индексот е 9. Особено топло ќе биде денеска и утре, а во југоисточните делови се очекуваат и до 40 степени.
-
Македонија 08.07.2015 10:46
Почнува судскиот процес против трикратниот убиец од Кавадарци
На обвинителна клупа во Велешкиот основен суд ќе седне Тони Станоев, обвинет за трикратното убиство во Кавадарци, во ноември лани, кога ги застрела родителите на неговата сопруга и нејзината сестра.
-
Македонија 08.07.2015 10:37
Дводневна конференција посветена на борбата против корупцијата
Во Охрид се одржува дводневна конференција на тема „Антикорупција, најдобри практики во борбата против јавната корупција“, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, со финансиска поддршка на Американската амбасадата и на Бирото за меѓународна борба против наркотици
-
Македонија 08.07.2015 10:33
Итните реформи од извештајот на Прибе на собраниски комисии
Шест собраниски комисии денеска и утре ќе ја разгледуваат листата на итни реформски приоритети, кои произлегуваат од препораките во извештајот на групата на Европската комисија, што ја предводеше поранешниот директор во комисијата, Рајнхард Прибе.
-
Македонија 08.07.2015 10:28
Голем интерес за ИПАРД фодновите
На последниот ИПАРД оглас барање поднеле повеќе од 830 земјоделци што е двојно повеќе од претходните.
Големиот интерес е резултат на поедноставната процедура и можноста за ко-финансирање на трактори и механизација.
Сега се финансираат и поголеми инвестиции.
-
Македонија 07.07.2015 17:38
Во Косово приведен бегалецот од Брест, осомничен за учество во нападот во Куманово
На Косово е уапсен Сулејман Османи, жител на селото Брест, осомничен дека учествувал во нападот во Куманово. Почната е постапка за негова екстрадиција во Македонија.
-
Македонија 07.07.2015 17:34
Србија по примерот на Македонија ќе го стимулира многудетното семејство
Србија планира да го субвенционира раѓањето на трето дете, по примерот на Македонија. Мајките ќе добиваат плата од таканаречен „демографски фонд“ до полнолетството на најмладото дете.
-
Македонија 07.07.2015 16:55
МРТ во Грција: Кога нема кеш, има големи попусти
По грчкото „OXI“, граѓаните во оваа земја поминуваат уште еден неизвесен ден. И среќните и разочараните од резултатот на референдумот, по два дена, откако спласнаа емоциите, сега се заеднички загрижени за сопствената иднина. Истите проблеми ги мачат сите.
-
Македонија 07.07.2015 16:36
Топлотен бран: Надлежните препорачуваат граѓаните да бидат внимателни
Летните горештини стигнаа во Македонија. Од утре земјава ќе биде под влијание на жолтата алертна фаза. Топлотниот бран ги мобилизира надлежните. Од денес почнува превентивната кампања за заштита на населението од горештините.










