• Македонија 07.07.2015 10:31

    Поволна година за лозарите

    Лозарите се надеваат на добра година, а насадите добро напредуваат.

    За разлика од лани пламеницата и другите  болести, годинава не се многу распространети, заштитните средства се користат помалку, а трошоците за производство се намалени.   

  • Македонија 07.07.2015 10:14

    Убиецот на матурантот Ангел осуден на 14 години затвор

    14 години затворска казна, пресуди кривичниот суд за обвинетиот, Насер Ештрефи. Прогласен е за виновен за убиството на матурантот Ангел Петковски, кое лани во мај се случи во скопската населба Ѓорче Петров.

  • Македонија 07.07.2015 09:36

    Собранието треба да ја одржи 57. седница

    Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 57. седница на чиј дневен ред е Предлог одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија, за учество во мировната операција на Европската унија, „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

  • Македонија 06.07.2015 17:24

    Претседателот Иванов во дводневна посета на Хрватска

    Го отворивме прашањето на членство на Македонија во НАТО. Долго време сме во чекалницата на Алијансата и нашите граѓани се фрустрирани, изјави во Загреб по средбата со претседателката на Хрватска, Колинда-Грабар Китаровиќ, македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

  • Македонија 06.07.2015 15:26

    ДИЦ: Неосновани над половина од приговорите на екстерното

    Во јунската сесија од екстерното тестирање биле поднесени 2855 приговори, односно приговарано е на 0,7 проценти од тестовите, од кои над половината биле одбиени како неосновани, соопшти Државниот испитен центар.

  • Македонија 06.07.2015 15:24

    МВР расчисти случај на ограбување мигранти

    Полицијата расчисти случај на ограбување мигранти. Жител на Конче им украл ранци на двајца бегалци на гевгелиската железничка станица, во кои имале поголема сума пари, имале и потврди, и требало да заминат со воз.

  • Македонија 06.07.2015 14:52

    Усвоен деловникот за работа на Комисијата за следење на ПИМ

    Независната пратеничка Солза Грчева која е нов член во комисијата смета дека овој состав без најголемата опозициска партија не може да носи релевантни одлуки,имајќи ја предвид актуелната политичка состојба. Почетокот на работата го гледа како ад хок решение,што беше и сугестија на Прибе.

  • Македонија 06.07.2015 11:51

    Одложено судењето за случајот „Монструм“

    Се одложи јавната седница во апелацискиот суд за случајот „Монструм“. Двајца од обвинетите не беа спроведени од затворот во Идризово. Затворската управа била уредно известена, но до Судечкиот совет нема повратна информација зошто обвинетите не се спроведени.

  • Македонија 06.07.2015 10:38

    Висок УВ индекс оваа недела

    Ултравиолетовиот индекс денеска ќе достигне 8 од 10 мерни единици. Високиот индекс ќе го следи трендот на пораст на температурите во наредните денови. Во вторник и среда ќе биде сончево и многу топло.

  • Македонија 06.07.2015 10:31

    Со „Бело лето“ отворена туристичката сезона во Охрид

    Охрид во изминатите 24 часа дишеше со полни гради. Илјадници туристи уживаа во концертот на градскиот плоштад, но и во рестораните и кафулињата кои работеа до раните утрински часови.

Pages