Политичкиот дијалог да продолжи, да се почитува постигнатиот договор од 2-ри јуни, а политичките партии да ги стават државните интереси над партиските со цел да се реализираат приоритетните реформи во Република Македонија за членство во Европската унија.
-
Македонија 18.06.2015 13:06
-
Македонија 18.06.2015 11:39
Град Скопје: Фонтаната и плоштадот „Македонија“ се во изградба
По повод информациите кои беа објавени во некои од медиумите, а во врска со пуштањето на фонтаните на градскиот плоштад, од Град Скопје информираат дека на 15.06.2015 година беше извршено целодневно тестирање на површинска, таканаречена сува фонтана (џампинг џет), на плоштадот „Македонија“.
-
Македонија 18.06.2015 10:56
Меѓународен џудо натпревар во Струга
Од вкупно 20 натпреварувачи од Македонија кои учествуваа на меѓународниот турнир во џудо, 19 се закитија со медали од кои 11 златни, 3 сребрени и 5 бронзени. Џудистите од Македонија беа прогласени и за севкупен победник на овој натпревар.
-
Македонија 18.06.2015 10:43
Директорите на ФЗОМ во посета на Битола
Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) Сашо Стефановски и Орхан Рамадани денеска ќе ја посетат подрачната служба на Фондот во Битола.
При посетата тие ќе го поминат поголемиот дел од работниот ден со вработените во подрачната служба и осигурениците.
-
Македонија 18.06.2015 10:21
Невремето во росоманско предизвика штети на земјоделските култури
Вчера попладне град и пороен дожд во росоманско оставија вистински пустош. Штетите со огромни кај праските, кај лозјата и другите градинарски култури.
-
Македонија 18.06.2015 10:16
Пратениците ќе расправаат за измените на Законот за азил
На денешната седница на Собранието на Македонија единствена точка на дневниот ред е расправата за предлог законот за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита, по скратена постапка.
-
Македонија 18.06.2015 10:10
Градинарство: Обезбедување на домашен сертифициран расад
На Македонија годишно и треба 100 милиони парчиња сертифициран градинарски расад. Земјоделците го произведуваат сами во импровизирани услови или го набавуваат од увоз без гаранција за квалитет.
Државата ќе помогне во инвестирањето кај расаднички материјал.
-
Македонија 17.06.2015 17:27
Брисел со препораки за надминување на политичката криза
Пред малку заврши состанокот на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими со евкомесарот Јонаес Хан, на која лично, на рака му бил предаден официјалниот извештај за Р. Македонија во кои се содржани итните мерки за решавање на политичката криза во земјата.
-
Македонија 17.06.2015 17:12
Собранието не го усвои предлогот за Македонија како една изборна единица
Според предлагачите Трајанов и Поповска,покрај бенефитот за помалите партии,би се зголемила одговорноста, но и надзорната контрола на Собранието врз извршната власт.
-
Македонија 17.06.2015 16:36
Интервентна кардиологија и во „8-ми Септември“
Пациентите со инфаркт и други срцеви проблеми нема веќе да се препраќаат од градската општа болница „8-ми Септември“ на Клиниката за кардиологија. Интервенциите од август ќе се извршуваат и во оваа болница. Во фаза на инсталирање е нов ангиограф.










