Донесена е одлука, со која се одобрува нова ознака за сообраќајните регистарски таблички за возилата во општина Дебар.
Новата ознака ќе биде ДБ, и ќе важи и за возилата на општина Центар Жупа. Во двете општини има околу четири илјади возила.
Донесена е одлука, со која се одобрува нова ознака за сообраќајните регистарски таблички за возилата во општина Дебар.
Новата ознака ќе биде ДБ, и ќе важи и за возилата на општина Центар Жупа. Во двете општини има околу четири илјади возила.
Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски ќе учествува на глобалниот форум „Вроцлав 2015“, што денеска и утре се одржува во Полска.
Платежната Агенција на 140 млади земјоделци ќе им исплати субвенции за почнување на сопствен бизнис.
Вкупната подршка е 75 милиони денари, а до 600 илјади за секој поединечно.
Услов е да имаат деловен план и да се занимаваат со земјоделство не подолго од 18 месеци.
Јас сум бесен и разочаран и не сакам да давам изјава на тој начин. Ова го истакна европратеникот Иво Вајгл, кој е дел од преговорите. Не сакам да кажам дека сум разочаран со вчерашниот дијалог, туку со резултатот на развојот на настаните со дијалогот.
Влошената безбедносна состојба во родните земји, ги натерала да избегаат. 128 мигранти од Сирија и од Ирак, по илегални премини, користејќи ја пред се грчката граница стигнале до Македонија. Во кумановско Ваксинце чекале погоден момент за да заминат во западноевропските земји.
Финансиски поттик за младите програмери. Агенцијата за малди и спорт додели награди за најдобрите софтвер-инженери во вредност од 150 илјади денари.
Просторните податоци од сите институции од денеска се достапни на националниот геопортал. Изработени се по европски стандарди, а може да ги користат и граѓаните и приватните компании за создавање нови производи со додадена вредност.
За едни лесно, за други тешко. Поделени ставовите на средношколците кои денеска го полагаа првиот задолжителен предмет од државната матура, мајчин јазик и литература. Иако имаат четири часа да напишат есеј и да одговорат на зададените прашања, на некои им беа доволни само час и половина.
Четворица жители на кумановско Ваксинце се приведени синоќа под сомнение за криумчарење мигранти. Своите домови им ги изнајмувале по сума од 1.500 евра месечно.
Еден ден во неделата директорите на Фондот за здравствено осигурување ќе поминуваат во подрачните служби низ земјава. Прва беше скопската подрачна служба.