Почна лидерската средба во Брисел. За разлика од најавите средбата почна со заеднички состанок на лидерите на 4-те најрелевантни политички партии со еврокомесарот Хан.
-
Македонија 10.06.2015 13:09
-
Македонија 10.06.2015 12:34
Жител од Крушопек прободен со нож
Триесет и седумгодишен жител од Крушопек вчера се здобил со убодна рана од нож кај ТЦ „Олимпико“ на ул. „Лондонска“ во Скопје, соопшти МВР. Итната медицинска помош вчера во 18:40 часот во ЦИК-Скопје пријавила дека во Скопје на ул.
-
Македонија 10.06.2015 11:39
Завршува учебната 2014/2015 година
За околу 280.000 основци и средношколци завршува учебната 2014/2015-година и почнува летниот распуст. Воедно, денеска е и последниот ден од екстерното тестирање, со кое во изминатите девет дена беа опфатени вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници.
-
Македонија 10.06.2015 11:23
Тече рокот за поднесување барања за субвенции за рурален развој
Субвенциите се неповратни за подобрување на квалитетот на живот, за обнова и развој на селата, и зачувување на традиционалните вредности.
Право на користење на средства има локалната самоуправа за која се однесува инвестицијата и Агенцијата за промоција на туризмот.
-
Македонија 10.06.2015 11:19
Во Брисел лидерска средба за нормализација на политичката состојба
Денеска во Брисел, еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан ги чека на средба лидерите на најголемите политички партии од земјава.
-
Македонија 09.06.2015 19:07
Не престанува напливот на мигрантите
За нив надежта почнува со звукот од свирчето на отправникот. Сега ги нема во нашиот воз. Но, ги сретнавме на железничката станица Зелениково. За триесетина сиријци, сонот за подобар живот како да запрел тука.
-
Македонија 09.06.2015 18:33
Тешка сообраќајка во Куманово
Најмалку две лица ги изгубија животите во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево во Куманово на „Дедин Мост“ кај бензинската пумпа „Мак Петрол“. -
Македонија 09.06.2015 16:58
Внатрешната контрола на МВР утврди: Акцијата во кумановската населба основана и оправдана
Полициската акција во кумановското „Диво насеље“ е основана, оправдана и правилна, и е во согласност со одредбите од Законот за полиција.
-
Македонија 09.06.2015 16:21
Стружани повторно се дават во густ чад од депонијата
Непријатна миризба и густи црни облаци надвиснуваат секоја вечер во Струга од запалената депонија. Ветерот кој го има во овој регион забрзано ја шири реата низ целата општина. Граѓаните се револтирани и бараат што побрзо решавање на овој проблем.
-
Македонија 09.06.2015 16:11
Во Македонија нема опасност од вирусот МЕРС
Нема ризик смртоносниот МЕРС вирус кој ги напаѓа дишните патишта да се пренесе во земјава - велат надлежните. Пред три години за првпат се појави во Саудиска Арабија, а сега предизвикува епидемија во Јужна Кореја.










