Лидерите на осум земји од Западниот Балкан и од Австрија, во Будва дискутираа за предизвиците со кои се соочува регионот.
-
Македонија 08.06.2015 15:11
-
Македонија 08.06.2015 14:21
МОН: Екстерното тестирање целосно заокружено во 228 училишта
Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека денес биле екстерно тестирани 43.909 основци и средношколци. Според информациите до овој момент процесот е целосно заокружен во 228 училишта.
-
Македонија 08.06.2015 14:17
Втора меѓународна конференција за климатски промени
Во Охрид се одржува втората Меѓународна конференција за климатски промени.
-
Македонија 08.06.2015 14:01
Во вагон на товарен воз откриени 18 мигранти
Завчера околу 20 часот и 30 минути во вагон на товарен воз се откриени 18 мигранти. Возот сообраќал на релација од Солун до австрискиот град Ламбах, соопшти МВР. Мигрантите биле на возраст од 15 до 36 години, а со нив имало и едно седумгодишно дете.
-
Македонија 08.06.2015 13:17
Предизвиците со кои се соочува регионот во фокус на „Процесот Брдо – Бриони“
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов учествува на Самитот на претседатели на „Процесот Брдо – Бриони“ што се одржува во црногорскиот град Будва. Шефот на државата ќе има и обраќање на пленарната сесија.
-
Македонија 08.06.2015 12:18
Двајца браќа од Тетово повредени во тепачк
Синоќа околу 19 часот пред и во угостителскиот објект „Биби“ во Тетово се случила групна тепачка. Во тепачката учествувале вкупно четири лица.
-
Македонија 08.06.2015 11:35
Над 38 илјади повици на „Ало докторе“
Регистрирани се 899 повици за една седмица, од 1 до 7 јуни, на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе!“. Од 15 септември 2014 година, од кога почна да работи телефонската линија, досега регистрирани се вкупно 38.003 повици.
-
Македонија 08.06.2015 11:32
Продолжен рок за барања за субвенции
Рокот за поднесување барања за директни плаќања за мерките по површина земјоделско земјиште и мерките по грло добиток е продолжен до 30 јуни, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
-
Македонија 08.06.2015 11:17
Во Берово, неформален форум за идните чекори во евроатлантските интеграции на Македонија
Во Берово се организира неформален форум посветен на идните чекори во евроатлантските интеграции на Република Македонија. Домаќин на форумот е министерот Зоран Јолевски, а учествуваат поранешни министри за одбрана, членови на парламентот и претставници на тинк-тенк заедницата во САД.
-
Македонија 08.06.2015 11:13
Двесте мигранти симнати од воз на станицата во Велес
Синоќа oколу 200 емигранти од велешката полиција биле симнати од возот што сообраќа на релацијата Гевгелија– Скопје. Најголем дел биле Сиријци кои патувале со редовна линија. Емигрантите биле главно на возраст од 18 до 30 години.










