Претседателот Иванов учествува на „Самит 100- бизнис лидери во Југоисточна Европа“, кој се одржува во Порторож.
-
Македонија 01.06.2015 13:27
-
Македонија 01.06.2015 13:13
Одбележан светскиот ден на згрижувањето
Од денеска за социјално ранливите категории ќе има повеќе пари. За 25 проценти ќе се зголеми сумата што ја добиваат родителите на деца со специјални потреби, а поголем паричен износ ќе добијат и згрижувачките семејства.
-
Македонија 01.06.2015 12:58
Потпишан меморандум за пракса на студентите од Машински факултет во странските компании
Се отвораат вратите на студентите од Машинскиот факултет за практична работа во странските компании и нивните истражувачки центри.
-
Македонија 01.06.2015 12:23
Конкурс за државната награда „Св. Климент Охридски“
Од денеска до 30 јуни е отворен Конкурсот за државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2015 година, соопшти Министерството за култура.
-
Македонија 01.06.2015 12:14
Македонските граѓани сакаат во ЕУ, но без промена на името
Според анкета на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, граѓаните на и натаму го поддржуваат зачленувањето на Македонија во Европската унија. Тоа е непроменето во однос на март 2014 година, но факторот „промена на името“ влијае врз поддршката.
-
Македонија 01.06.2015 11:57
Кривичниот суд ќе одлучува за обвинението за „Пуч“
Кривичниот суд денеска на јавна седница ќе ги разгледува приговорите за случајот „Пуч“ поднесени од адвокатите на Зоран Заев и другите обвинети.
„Ќе бараме судот да го отфрли обвинението, бидејќи нема кривично дело“, изјавија од адвокатскиот тим на Заев.
-
Македонија 01.06.2015 11:34
Државно земјоделско земјиште за социјално ранливите категории
Нови 130 хектари државно земјиште се нудат за користење на повеќе социјални категории население.
Ќе можат да ги користат инвалидизирани лица, самохрани родители и старатели.
Плодоуживањето трае до 5 години и најмногу до 3 хектари за одгледување на земјоделски култури.
-
Македонија 01.06.2015 10:29
Од утре до 10 јуни екстерно тестирање на учениците
Од утре до 10 јуни ќе се спроведува екстерното тестирање за учебната 2014/2015 година, кое ќе опфати вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници. -
Македонија 01.06.2015 09:27
Над 37 илјади граѓани побарале совет на „Ало докторе“
На телефонската линија за медицински совет „Aло докторе“ од септември досега совет побарале 37.222 граѓани. Од 25 мај до вчера, се јавиле 935 лица.
-
Македонија 01.06.2015 08:46
Претседателот Иванов учествува на Самитот 100 - Бизнис лидери во ЈИЕ
Во Порторож, Словенија денеска почнува Самитот 100 - Бизнис лидери во Југоисточна Европа на кој покрај претседатели од регионот, бизнисмени и претприемачи учествува и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.










