• Македонија 30.11.2015 10:25

    „Ало докторе“: 1.303 повици за една седмица

    На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 23 ноември до 29 ноември) имало 1.303 повици, соопшти Здравствен дом Скопје.

    Од 15 септември минатата година кога почна да работи линијата, досега, за медицински совет се јавиле 64.507 лица.

  • Македонија 30.11.2015 10:18

    Закажаните прегледи ќе се извршуваат редовно на Денот на дрвото

    В среда сите јавни здравствени установи ќе работат редовно и ќе се реализираат закажаните прегледи и интервенции, информираат од Министерството за здравство. Поради спроведувањето на акцијата „Ден на дрвото“ нема одложување и на закажаните хируршки интервенции.

  • Македонија 30.11.2015 10:15

    Сообраќајот по наместа влажни коловози

    Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, по наместа влажни коловози. Поради магла, намалена видливост до 50 метри има на патниот правец Охрид–Кичево, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

  • Македонија 30.11.2015 10:10

    Ново продолжение на седницата за деловникот за Анкетната комисија

    Во Законодавниот дом, ново трето продолжение на седницата на Анкетната комисија за прислушувањето. На дневен ред, деловникот за работа. Според претседателот на комисијата Шилегов, координациите даваат резултат и има напредок во усогласувањето на ставовите.

  • Македонија 30.11.2015 09:50

    Краен рок за субвенции за плати на овчари

    За чување и напасување на добитокот овци, кози или говеда на пасиште и ливади кое се наоѓаат на надморска височина поголема од 700 метри сточарите можат да поднесат барање за субвенционирање на плати.

  • Македонија 30.11.2015 08:10

    Собраниска седница за пратенички прашања

    Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 77. седница.
     
    На седницата ќе бидат поставувани пратенички прашања.
  • Македонија 30.11.2015 08:07

    Иванов на самит за климатски промени во Париз

    Во француската метропола се одржува самитот на 195-те земји членки на Обединетите нации за климатските промени. На конференцијата ќе учествуваат околу 150 лидери, меѓу кои претседателите на САД, на Русија, на Кина, и на Индија.

  • Македонија 28.11.2015 11:19

    Македонија формира коридор за заштита и помош

    Врз основа на предлог и известување на Групата за проценка на ризици со која претседава директорката на ЦУК, Сузана Салиу, Управувачкиот комитет за менаџирање на состојбите со бегалците на вчерашната седница одлучил да се операционализираат заклучоците од националниот Совет за безбедност, и на ју

  • Македонија 27.11.2015 16:43

    Мигранти: Состојбата на границата стабилна, Грција не се придржува до договорот

    Состојбата на јужната и северната граница е стабилна, информираат од МВР. На Табановце и во Гевгелија нема задржувања. Се пропуштаат само државјаните кои доаѓаат од Сирија, Авганистан и Ирак. На грчката страна има околу 1.000 економски мигранти на кои не им е дозволен влез.

  • Македонија 27.11.2015 16:29

    Промовирани нови 14 стручни и научни дела

    Од развој на економијата, преку обновливи извори на енергија до комплексност на пресметувањата. Промовирани се 14 нови книги од едицијата превод на 1.000 стручни и научни дела. Преведени се научни трудови од природно- математичките науки, бизнисот, правото.

Pages