Стотина пензионери користат седумдневен бесплатен бањско- климатски рекреативен ангажман во Негорски бањи. Велат дека уживаат во природата, услугата, но и топлите води на овој капацитет.
-
Македонија 05.05.2015 15:52
-
Македонија 05.05.2015 15:29
Поднесено обвинение за убиството во Кавадарци
За трикратното убиство во Кавадарци, велешкото обвинителство поднесе обвинение против Тони Станоев. Истрагата покажала дека на 9 ноември минатата година обвинетиот ги застрелал мајката, сестрата и таткото на неговата сопруга во нивниот дом.
-
Македонија 05.05.2015 15:27
МОН: Прашањата за ќе бидат објавени по 20 часот
Министерството за образование и наука денеска по 20 часот, прашањата кои што ќе бидат дел од тестовите при процесот на екстерно тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование, ќе ги објави на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu. -
Македонија 05.05.2015 15:24
Спротивставените во ИВЗ остануваат на позициите
Секоја од страните во случајот во својот ров. Ваква е состојбата во Исламската верска заедница (ИВЗ). Истомислениците на скопскиот муфтија распоредени во дворот пред седиштето со своедвиден притисок на вработените кои од вчера одбиваат да заминат од зградата.
-
Македонија 05.05.2015 14:14
Туристите од Холандија и од Белгија ја отворија летната сезона на охридското крајбрежје
Првата група од 180 холандски туристи со чартер лет допатува на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Гостите кои ја отворија летната сезона беа дочекани со воден мост во форма на виножито и традиционалната закуска од леб и сол.
-
Македонија 05.05.2015 13:42
Тревога поради диететскиот производ 2,4 динитрофенол
Интерпол на својата веб-страница објави светска тревога поради диететскиот препарат што се користи и за зголемување на мускулната маса, а се вика „2,4 динитрофенол“ што го има и во Македонија.
-
Македонија 05.05.2015 13:30
IN MEMORIAM: Љубомир Демирев – Демо
На 67 годишна возраст денеска почина Љубомир Демирев – Демо, еден од дојаените на македонското новинарство. Целиот свој работен век го помина во Македонската радиотелевизија како новинар и уредник во инфромативната програма.
-
Македонија 05.05.2015 13:13
Метео
Сончевото и многу топло време продолжува и утре, кон крајот на денот се очекува локално зголемување на облачноста, а од четврток настапува промена на времето со постепено опаѓање на температурите.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска...
-
Македонија 05.05.2015 13:12
Амбасадорите со пораки за единство и политички дијалог
Пораки за единство, политички дијалог и надминување на тековните предизвици. Ова биле главните барања на амбасадорите на земјите-членки на Унијата кои ги соопштиле на појадокот со вицепремиерот Бесими.
-
Македонија 05.05.2015 12:45
Ограбени црква и манастир во Битолско
Во текот на вчерашниот ден извршени се кражби во црквата „Св.Богородица“, во битолското село Кравари и во манастирот „Св.Христофор“, во атарот на битолското село Крстоар, соопшти МВР.










