Новоизбраниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево ја презеде функцијата од претходниот министер Митко Чавков, соопшти МВР.
-
Македонија 11.11.2015 17:20
-
Македонија 11.11.2015 16:52
Предлог- законот за амнестија влезе во собраниска процедура
Предлагачот на законот, Мери Николова вели дека главен мотив за амнестија бил пренатрупаноста на затворите што негативно се одразувало на дообразувањето на затворениците. Предлогот предвидува преполовување на затворските казни на 3.500 осуденици, меѓу нив педофили, дилери на дрога, убијци.
-
Македонија 11.11.2015 16:45
На Дигестивна до петок ќе се оперираат само итни случаи
Докторите од Дигестивна до петок ќе оперираат само итни случаи. Другите ќе ги пренасочуваат во старата Градска болница и во „8-ми Септември“.
-
Македонија 11.11.2015 16:44
Хан: Политичката стабилност и компромис- единствен начин да се подобри владеењето на правото
„Убеден сум дека политичкиот договор на четворицата лидери е најдобриот начин да се стави крај на кризата засекогаш.
-
Македонија 11.11.2015 16:35
Владата со две мерки кофинансира вработување на социјално ранливи категории
Работодавачите ќе користат бенефиции ако вработат корисници на социјална парична помош, деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство и самохрани родители. Владата со две мерки кофинансира вработување на социјално - ранливи категории.
-
Македонија 11.11.2015 16:06
Продолжува меѓународната активност на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија
Делегација на Советот за унапредување и надзор на ревизија на Република Македонија, предводена од претседателката на Советот Соња Ѓелова - Стојанова присуствува на Меѓународната конференција на тема „Зајакнување на кредибилитетот на финансиските извештаи“, организирана од Одборот за надзор од јав
-
Македонија 11.11.2015 15:01
Дигестивна хирургија следните три дена ќе работи само за итни случаи
Докторите од Kлиниката за дигестивна хирургија во наредните три дена ќе оперираат само итни случаи.
-
Македонија 11.11.2015 14:18
Метео: Сончево со слаба утринска магла
Сончевото време продолжува со услови за појава на слаба утринска магла по одделни котлини и слаб ветер од северен правец.
Натпросечно топло ќе биде до петок, а од сабота се очекува постепено опаѓање на температурите.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 11.11.2015 14:05
Собранието ги избра новите министри
Собранието на Република Македонија на денешната 76 седница ги избра Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи, Форсина Ташевска Ременски за министер за труд и социјална политика и Марта Арсовска - Томовска за министер за министер информатичко општество и администрација.
-
Македонија 11.11.2015 13:50
ЕУ додели два милиони евра за УНИЦЕФ за децата бегалци во Западен Балкан
Секторот за хуманитарна помош и цивилна заштита на Европската комисија (ЕХО) додели два милиони евра на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) за помош на децата во движење во Србија и во Македонија.










