Опсежна полициска акција е спроведена вчера попладне во Куманово. Приведени се три лица. Според првичните информации, кај еден од приведените е пронајден пластичен експлозив.
Неофицијално, еден од уапсените бил ветеран на некогашната Ослободителна војска на Косово.










