Грчкиот премиер Алексис Ципрас не сака да соработува со Македонија или со Турција во однос на кризата со бегалците, објави весникот „Катимерини“ повикувајќи се на дипломатски извори.
-
Македонија 28.10.2015 12:42
-
Македонија 28.10.2015 12:10
Полицијата трага по логистичари на терористичката група од „Диво Насеље“
Полициска акција во Скопје и во Куманово. Уапсени нема. Се трага по неколкумина за кои обвинителството го прошири списокот на инволвираност по различни улоги во терористичките активности од мај годинава во „Диво Насеље“ информираат од МВР.
-
Македонија 28.10.2015 12:05
ГОБ „8 Септември“: Квалитетот на здравството не треба да се цени по изолирани случаи
Менаџментот на болницата „8 Септември“ со реакција за зачестените напади врз јавното здравство. Оттаму даваат поддршка на реформите во здравството и бараат да не се оцрнува целиот систем.
-
Македонија 28.10.2015 11:52
Не стивнува бранот мигранти, за 24 часа издадени 3.445 потврди за азил
Во последниве 24 часа МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.445 странски државјани, од кои 1.919 се од машки пол, 543 се од женски, 742 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 241 деца кои патуваат без ро
-
Македонија 28.10.2015 11:40
Нафтени компании заработиле 562.000 евра од затајување данок
Управата за финансиска полиција по добиени оперативни сознанија за сторен финансиски криминал, откри разработена шема за празнење на државниот буџет, преку поврат на ДДВ со употреба на фалсификувани фактури за наводна набавка на нафта од Рафинеријата Окта од Скопје.
-
Македонија 28.10.2015 11:25
Попоски во Токио оствари средби со јапонски политичари и бизнисмени
Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија, во рамки на неговата работна посета на Јапонија оствари поединечни средби со челните луѓе на Јапонската организација за надворешна трговија (Japan External Trade Organization - JETRO) и со најголемата стопанска комора на Јапонија КЕИДАНРЕН.
-
Македонија 28.10.2015 10:02
Дополнителни субвенции за градинарите и овоштарите
Градинарите и овоштарите имаат право на дополнителни субвенции.
Корисници ќе бидат земјоделците со градинарски култури и предадено производство во преработувачки капацитети за зеленчук до ноември 2015 година.
-
Македонија 27.10.2015 17:35
Во Македонија нема да се градат кампови, остнауваат привремените транзитни центри
1.500 луѓе на Богородица и 500 луѓе на Табановце. Толкав е капацитетот на привремено транзитните центри во Македонија. Во случај на забавување на протокот на мигранти само толкава бројка би можела да биде згрижена на неколку дена во земјава пред да ја продолжи рутата.
-
Македонија 27.10.2015 17:03
Апелациониот суд се прогласи ненадлежен за прислушуваните снимки
Апелациониот суд се прогласи за ненадлежен по жалбите на основното јавно обвинителство, кои беа поднесени откако судот ги отфрли прислушуваните снимки од опозицијата како неосновани докази. Од Апелација надлежноста ја префрлија на Основниот суд.
-
Македонија 27.10.2015 16:16
Метео: Стабилно и суво време, температурите постепено опаѓаат
Продолжува периодот на стабилно и суво време со услови за слаба магла и ниска облачност по одделни котлини во утринските часови и подолги сончеви периоди во текот на денот.
Дневните температури постепено благо ќе опаѓаат, а утринските на места ќе бидат под нулата.










