Лидерот на Социјал- демократите Зоран Заев денеска објави нов сет на прислушувани аудио материјали. Беа пуштени 10-тина разговори во кои се зборува за автентично толкување на законот за амнестија и Хашките случаи.
-
Македонија 06.04.2015 17:40
-
Македонија 06.04.2015 17:34
Новите мерки за вработување поздравени од битолските работодавачи
Во услови кога имата лимитирани средства секоја помош за да вработите лице е добредојдена, вели Владимир Робевски сопственик на компанија од ИТ технологијата.
-
Македонија 06.04.2015 17:11
Во Македонија се јаде безбедна храна!
Граѓаните во земјава јадат безбедна храна, тврдат надлежните. Таа целосно се контролира - се земаат примероци од сите прехрамбени производи што се произведуваат во Македонија, но и од оние од увоз.
-
Македонија 06.04.2015 16:57
Претставени условите за вработување и практикантска работа пред студентите
20-тина компании од денеска до среда ќе ги претстават условите за вработување и практикантска работа пред студентите од техничкиот кампус. Преку директен контакт академската заедница ќе се запознае со бизнис секторот и можностите што ги нудат компаниите на пазарот на трудот.
-
Македонија 06.04.2015 16:52
Рејндерс: Продолжете со политичкиот дијалог и реформите, опозицијата да се врати во Собранието
Белгија може да помогне и регионално и во рамките на Унијата, таа е претседавач на Комитетот министри во Советот на Европа, што коинцидира со претседавањето на Македонија со Централно- европската иницијатива. Истовремено, Белгија, како полноправна членка на НАТО и ЕУ, е важна алка во содавањето
-
Македонија 06.04.2015 14:51
Метео
Утрешниот ден во Македонија ќе донесе облачно и студено време со повремени врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет што ќе условат зголемување на снежната покривка на планините.
-
Македонија 06.04.2015 13:10
Рејндерс: Да продолжи политичкиот дијалог
По покана на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, во официјална посета на државава е заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс.
-
Македонија 06.04.2015 12:47
Блокирана Битолската обиколница, свлечиштето повторно се активира
Свлечиштето кое правеше проблеми минатата седмица повторно се активира и целосно ја блокираше Битолската обиколница.
Делницата Прилеп - Ресен сега е во прекин, па возилата се пренасочуваат низ Битола.
-
Македонија 06.04.2015 11:38
Почувствуван земјотрес во Скопје, епицентар во Косово
Во 10 часот и 50 минути, Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет регистрира земјотрес со епицентар на околу 50 километри северно од Скопје, на територијата на Косово.
-
Македонија 06.04.2015 11:29
Едно лице загина, четворица повредени во сообраќајна несреќа во Штип
Во тешка сообраќајна несреќа што се случила изутрината во Штип, загина едно лице, а четири се повредени.
Во судирот меѓу возило „БМВ“ управувано од 21-годишен турски државјанин со привремен престој во Македонија, и такси возило „Фолксваген венто“, загинал возачот на таксито.










