Околу 4 илјади кубни метри карпеста земја се струполи на автопатот Скопје- Велес неколку километри по Катлановскиот тунел. Засега само очевидците се осмелуваат да кажат дека најверојатно нема затрупани возила.
-
Македонија 07.04.2015 17:05
-
Македонија 07.04.2015 16:46
Светски ден на здравјето: Голем напредок за македонското здравство
На Светскиот ден на здравјето министерот Тодоров задоволен од досега постигнатото. Според него најголем успех е рангирањето на Европскиот здравствен потрошувачки систем каде земјава се најде на 16-то место и направи скок од 11 места.
-
Македонија 07.04.2015 16:41
Отворени денови на ФЗОМ
Менаџерскиот тим на Фондот за здравствено осигурување во посета на Струмица. Најавија дека од 9-ти април ќе почнат отворените денови во подрачните единици низ Македонија, со цел поголема транспарентност во работата.
-
Македонија 07.04.2015 16:37
Бојкотот ги скара професорите
Членовите на Наставничкиот пленум и мултиетничкиот синдикат смислено го напаѓаат СОНК за да го разбијат единството и да ги преземат раководните позиии во синдикатот. Ова го констатирал Советот на СОНК на редовната седница.
-
Македонија 07.04.2015 16:08
Попоски: Техничка група ќе ја разгледува економската оправданост на „Турски тек“
Во Будимпешта се одржа состанокот на министрите за надворешни работи на Македонија, Унгарија, Грција, Турција и Србија за приклучувањето кон проектот „Турски тек“.
-
Македонија 07.04.2015 15:08
Тодоров: Значителен напредок во здравствениот сектор
Македонското здравствтво е високо на листата здравствени системи во Европа. На светскиот ден на здравјето ресорниот министер задоволен од постигнатото во измината година.
-
Македонија 07.04.2015 14:23
По големото свлечиште, се нормализира сообраќајот на патот Прилеп- Мариово
По големото свлечиште кое го оштети коловозот, полека се нормализира сообраќајот на правецот Прилеп – Мариово. Патот е прооден за автомобили, но има ограничување за движење на тешки товарни возила.
-
Македонија 07.04.2015 14:18
Можно зголемување на водостоите од топење на снегот
Кооринативното тело за справување со кризи одржа состанок на кој беше разгледана хидролошката состојба во земјава и беше констатирано дека поради зголемување на температурите за време на претстојниот викенд, можно е топење на снегот на повисоките места, што би предизвикало зголемување на водостои
-
Македонија 07.04.2015 14:08
Метео
Утре во Македонија не очекува променливо облачно ветровито и студено време.
И натаму ќе има услови за провејување на слаб локален снег особено во претпладневните часови.
До кога студениот бран ќе преовладува на нашето поднебје?
-
Македонија 07.04.2015 14:00
АМСМ: Сообраќајот на патот Скопје - Велес во прекин поради одрон
Сообраќајот на патниот правец Скопје - Велес, кај црквичките, од 12 часот е во прекин поради поголем одрон. Зафатени се двете коловозни ленти, а сообраќајот е комплетно во прекин за сите видови на моторни возила, соопшти АМСМ.










