Од преголемата влажност на земјата во битолско се лизгаат цели ридови. Големото свлечиште што синоќа се појави во близина на ромската населба над 20 часа го држи блокиран собраќајот на магистралниот пат Ресен- Битола кај месноста Битолска клучка.
-
Македонија 31.03.2015 16:18
-
Македонија 31.03.2015 16:13
1,5 милиони евра изнесуваат штетите од поплавите во струмичко
Збунети, погодени и економски загрозени. Вака жителите на поплавените села во струмичко зборуваат за нивното секојдневие. И последните обилни дождови од викендов ги наполнија нивните дворови со вода, а проблем прават и септичките јами.
-
Македонија 31.03.2015 16:10
До крајот на 2017-та за вработените во МВР 20% зголемени плати
10 илјади и 100 вработени во Министерството за внатрешни работи ќе добијат повисока априлска плата за 5 проценти што ќе се исплати во мај. До крајот на 2017-та вкупното зголемување ќе биде до 20 насто.
-
Македонија 31.03.2015 15:26
Со регионална соработка до точна временска прогноза
По поплавите што лани и годинава го зафатија регионот, Македонија и земјите од Западен Балкан заеднички ќе дејствуваат во намалувањето на последиците од хидрометеоролошките непогоди.
-
Македонија 31.03.2015 15:02
Метео
Утре во Македонија претпладне ќе преовладува сончево време со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе донесе услови за на места слаби врнежи од дожд особено во западните и северните делови од земјава.
Ќе дува и умерен, а долж Повардарието и засилен северен ветер.
-
Македонија 31.03.2015 14:40
Понеделник, вториот ден на Велигден, неработен за граѓаните од католичка вероисповед
Понеделник, 6 април 2015 година - вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. -
Македонија 31.03.2015 14:38
Охрид ќе добие најсовремено улично осветлување
Чешката фирма „ИСЦ-Систем“ од Карлови Вари во наредните 15 години ќе се грижи за уличното осветлување во Охрид.
-
Македонија 31.03.2015 14:16
Агенцијата за катастар отвори канцеларија во Драчево
Катастарот отвори шалтер во Драчево. Жителите на Драчево побрзо и со помалку трошоци ќе можат да ги вршат постапките околу евиденција на имотите. Во оваа област има околу 12-ина илјади парцели.
-
Македонија 31.03.2015 14:09
Нова детска градинка во Општина Јегуновце
Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Општина Јегуновце, Тони Коцески, поставија камен-темелник на нова детска градинка во Општина Јегуновце, Тетово.
-
Македонија 31.03.2015 13:55
Соработка на хидрометеоролозите од регионот за справување со поплавите
Македонија и земјите од Југоисточна Европа заеднички ќе дејствуваат во намалувањето на последиците од хидрометеоролошките појави. Ќе користат американски искуства за да го подобрат алармот за поројните поплави и заштитата на човечките животи и материјалните добра.










