Крајно време е да се промени политичката состојба во државата. Ваква порака испрати француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер, на денешната трибина „ЕУ и актуелната политичка криза во Македонија“, организирана од Институтот за европска политика.
-
Македонија 30.03.2015 17:09
-
Македонија 30.03.2015 17:03
Лекарите апелираат- редовни контроли за здрави поколенија!
Трудница во текот на бременоста ниту еднаш не посетила гинеколог, па пред шест месеци на скопската Клиниката за гинекологија и акушерство родила бебе со многу редок синдром. Лекарите велат плодот наликувал на жаба. Апелираат до идните мајки на контролирана бременост.
-
Македонија 30.03.2015 16:32
Платите во МВР ќе пораснат за 15 до 20 проценти
Од април годинава до декември 2017-та последователно ќе се зголемуваат платите на униформираните и на овластените лица во МВР и тие ќе се изедначат со платите на униформираните лица во царината.
-
Македонија 30.03.2015 16:23
100% обештетување на земјоделците кои претрпеа штети од поплавите
Земјоделците кои претрпеа огромни штети од поплавите ќе бидат 100 процентно обештетени. Ваква одлука донела Владата на последната седница. Висината на исплатата зависи од проценката која ја прават Општинските комисии.
-
Македонија 30.03.2015 14:02
ЕУ одговори на барањето на Јавното обвинителство
Европската унија испратила одговор до Jавното обвинителство во однос на барањето за испраќање меѓународни експерти, кои би биле во тек со работата на јавните обвинители за актуелните предмети.
-
Македонија 30.03.2015 13:31
„Руле турс“ и натаму ќе управува со Автобуската станица во Скопје
„Руле турс“ и во следните 15 години ќе стопанисува со автобуската станица во Скопје. Понуди највисока сума, 213 милиони денари на јавното наддавање за закуп и стопанисување.
-
Македонија 30.03.2015 13:11
Почна дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел
Зад затворени врати започна состанокот на преставниците на ВМРО- ДМПНЕ и на СДСМ со европаратанците Кукан, Вајгел и Ховит, за решавање на политичката криза во нашата држава. Во улога на набљудувач е и претставникот на Европската Комисија Дејвид Кулен, задолжен за досието Македонија.
-
Македонија 30.03.2015 12:33
На Попова Шапка се одржа детскиот меморијален ски куп
На Попова Шапка се одржа традиционалниот меморијален детски куп во велеслалом „Стеве Илиевски Караѓуле“. На него учествуваа над 80 млади скијачи од земјава и соседството.
-
Македонија 30.03.2015 11:53
Жителите на Дабиле бараат итно решавање на долгогодишниот инфраструктурен проблем
Жителите на струмичкото село Дабиле бараат итно решавање на инфраструктурниот проблем со кој надојдената вода од каналите и при најмал дожд им влегува во дворовите и пониските делови од селото. На мирен протест го изразија револтот од состојбата за која велат е опасност по нивното здравје.
-
Македонија 30.03.2015 11:45
Подобри временски услови- почнуваат подготовките за пролетната сеидба
Неделава не очекува стабилно време без врнежи и повисоки температури. Според агрометеорологот, Ангелко Ангелески тоа ќе овозможи постепено сушење на почвата и почнување на подготовките за пролетната сеидба.










