• Македонија 14.03.2015 17:06

    МТВ сторија: Самохрана мајка во тешки услови расте четири деца

    Секој нов ден им зависи од хуманоста на луѓето. Јадат што ќе им донесат, често се и гладни. Судбината си поиграла со нив. 40- годишната Благица е самохрана мајка на четири деца. Живеат во една мала соба, дивовселени во куќа во скопско Волково. Немаат ни вода ни струја.

  • Македонија 14.03.2015 17:01

    Расте бројот на заболени од ХИВ/ СИДА

    Расте бројот на заболени од ХИВ/СИДА во Македонија. Лани починале 78 лица од оваа болест. Сепак, свеста за навремена проверка се зголемува кај луѓето. Министерството за здравство денеска објави дека го добиле и вториот дел од грантот од глобалниот фонд во вредност од 4 милиони евра.

  • Македонија 14.03.2015 16:30

    Метео

    Викендот продолжува со сончево тивко и пријатно топло време проследено со мала до умерена облачност.

    Температурите на места ќе бидат повисоки од денешните.

    Дали сончевото време ќе продолжи и во почетокот од следната седмица?

  • Македонија 14.03.2015 10:17

    Почнува изградбата на магистралниот гасовод од Клечовце до Штип

    Денеска почнува изградбата на магистралниот гасовод Клечовце – Штип. Проектот ќе го реализира компанијата „Стројтранс гас“, со што ќе се затвори и прашањето за Клириншкиот долг од времето на Советскиот сојуз и Југославија.

  • Македонија 13.03.2015 17:42

    Потврдена добрата соработка меѓу Македонија и Турција

    Билатералните односи меѓу Македонија и Турција и актуелните меѓународни случувања беа во фокусот на средбата во Анкара на министрите за надворешни работи на Турција и Македонија, Мевљут Чавушоглу и Никола Попоски.

  • Македонија 13.03.2015 17:17

    Случај „Пуч“: СДСМ со креирани материјали ја крие безидејноста

    Анлитичарите кои се блиски до опозицијата констатираат дека Заев не ја постигнал целта преку најавуваните бомби, туку се видело дека го манипулира и народот и сопственото членство. Лидерот на СДСМ преку обвинувања и креирани материјали сакал да ја скрие безидејноста на партијата која ја води.

  • Македонија 13.03.2015 17:15

    Принзание дека снимките се креирани?

    Бранко Героски во денешната колумна признава дека разговорите кои се креирани од СДСМ и кои Заев ги објавува на прес конференции се сечени, има такви кои се ирелевантни за политичките процеси, но има и невистини и полувистини.

  • Македонија 13.03.2015 17:12

    ВМРО-ДПМНЕ најавува голем собир

    Владејачката ВМРО-ДПМНЕ в недела напладне во спортската сала „Борис Трајковски“ ќе одржи голем собир на граѓаните, од кој како што велат извори од партијата, ќе бидат испратени политички пораки од повеќе личности, меѓу кои и од претседателот на партијата и премиер Никола Груевски.

  • Македонија 13.03.2015 16:32

    34 години успешост на Единицата за специјални задачи во МВР

    34 години успешни во извршувањето задачи, полициската единица „Тигри“ испишува респектабилни резултати. Подготвени во секакви услови бескомпромисно да се фатат во костец и со најсложените предизвици, специјалците го ризикуваат животот, вели министерката Јанкулоска.

  • Македонија 13.03.2015 15:28

    Ушковски- нов претседател на Судскиот совет

    Бранко Ушковски е новоизбраниот претседател на Sудскиот совет. На позицијата доаѓа после пет години поминати во оваа институција. Се обврза дека должноста ќе ја врши професионално и одговорно.

Pages