Се придвижи колоната товарни возила на Хрватско- српската граница. Зелено светло само за камионите кои не носат стока товарена или поврзана со Хрватска. Стотина македонски превозници сеуште во неизвесност стојат заглавени на паркинг плацевите. Не им ги земаат документите.
-
Македонија 25.09.2015 16:51
-
Македонија 25.09.2015 16:10
Побрзи резултати од биохемиски анализи
Граѓаните за неколку минути ќе ги добиваат резултатите од биохемиските анализи - новите апарати ќе овозможат нивна поголема точност, заштеда на време и пари. Имаат капацитет од 800 анализи на час. Со набавката на реагенси, фирмата ги доделува апаратите бесплатно.
-
Македонија 25.09.2015 15:13
Македонец починал во нечовечки услови во затвор во Детроит
„Ова не е затвор во Авганистан туку притворска ќелија во Детроит“ - вака почнува потресната сторија на американски телевизии за смртта на млад Македонец кој починал во нечовечки услови.
-
Македонија 25.09.2015 15:09
Батровци- Бајаково: Раздвижување на дел од македонските транспортери
Хрватска реши повремено да пропушта товарни возила со лесно расиплива стока. Камионите кои не превезуваат товар од Хрватска или на кој било начин е поврзана со неа се пропуштаат кон Србија.
-
Македонија 25.09.2015 14:38
Метео: Променливо облачно време за викендот
Во текот на викендот не очекува променливо облачно време со подолги сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните и источните делови од земјава.
-
Македонија 25.09.2015 14:16
Мерки за поголема безбедност во сообраќајот
Аларм за надлежните по низата сообраќајни незгоди со смртни последици во Скопје. Во првите осум месеци од годинава имало засилени контроли, а од сообраќај биле исклучени над три илјади и 700 возачи, од кои под дејство на алкохол се санкционирани близу 1.600.
-
Македонија 25.09.2015 13:38
Расчистен е одронот во Шипковица
Расчистен е одронот во Шипковица што го прекина сообраќајот кон селата Бродец, Бозовце и Вешала, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
-
Македонија 25.09.2015 13:03
За 24 часа издадени над 2 илјади потврди за азил
Во Македонија во изминатово деноноќие влегле малку повеќе од 2 илјади мигранти, информираат службите на Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 25.09.2015 12:51
Стотина македонски камиони заглавени на хрватско-српската граница
Стотина македонски камиони се заглавени на хрватско-српската граница поради блокадите на граничните премини меѓу Хрватска и Србија што меѓусебно ги воведоа Загреб и Белград, соопштуваат од транспортните асоцијации во земјава.
-
Македонија 25.09.2015 12:07
Обвинителство: На Хаџиски да му се суди одново
Обвинителството се согласи на обвинетиот Миле Хаџиски да му се суди одново. Откако обвинетиот достави барање за повторување на постапката, јавниот обвинител оцени дека се исполнети законските основи и дека обвинетиот има право на судење во негово присуство.










