Речиси три милиони денари донирале граѓаните преку мобилните оператори, донација за загрозените во поплавените подрачја. Пакети со храна, средства за лична хигиена и за дезинфекција.
-
Македонија 06.02.2015 14:39
-
Македонија 06.02.2015 14:19
Состојбата на повредениот во експлозијата во Богданци непроменета
Состојбата на повредениот кој настрада вчера од експлозијата во фабриката за плински боци во Богданци е непроменета.
Се наоѓа на одделот за интензивна нега во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје и се чека да поминат 48 часа за да се види состојбата на органите за дишење.
-
Македонија 06.02.2015 14:06
Метео
Првата половина од викендот ќе ни донесе променливо облачно време со сончеви периоди, попладне и во вечерните часови на места со слаби врнежи од дожд и снег и слаб до умерен северен ветер.
Во недела не очекува претежно облачно и ветровито време со локални врнежи од снег.
-
Македонија 06.02.2015 14:03
МВР: Експлозија на гас ја предизвика несреќата во фабриката „Балкан гас“ во Богданци
Екплозија на гас ја предизвика несреќата во фабриката „Балкан гас“ во Богданци, по увидот соопшти Министерството за внатрешни работи.
Животот го загубија тројца работници, сите од село Ѓавато. Двајца од починатите биле во роднинска врска.
-
Македонија 06.02.2015 12:57
Поплави: Критично кај Демир Хисар, се очекува излевање на Црна Река
Критично е со Црна Река кај Демир Хисар. Нивото е зголемено и во секој момент се очекува излевање. Наврнатиот снег на Пелистер е потенцијална опасност.
-
Македонија 06.02.2015 12:24
АХВ: Препораки за населението во поплавените подрачја
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) уште еднаш апелира населението од поплавените подрачја да се придржува до препораките за заштита од заразни болести кои се пренесуваат преку храната и водата за пиење, како и до советите за навремено и правилно постапување со домашните животни. -
Македонија 06.02.2015 11:07
Повеќе субвенции за живинарството, ќе се воведуваат кооперантски договори
Домашното производство е незначително и во почетна фаза. Пилешкото месо скоро целосно се увезува за што годишно се трошат 50 милиони евра.
Државата планира да го менува системот на субвенционирање со воведување на кооперантски односи за производството на еден милион бројлери годишно.
-
Македонија 06.02.2015 10:35
Поддршка од САД за членство на Македонија во НАТО
Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија се подготвени веднаш да ги преземат обврските кои произлегуваат од полноправното членство во НАТО алијансата. -
Македонија 06.02.2015 10:31
Градот Скопје испрати помош во општина Новаци
По обилните врнежи на дожд и поплави, но и најавениот нов бран врнежи од утре попладне, кога се очекуваат и до 30 литри дожд на метар квадратен, Градот Скопје денеска испрати тим на лица и техничка помош и механизација за справување со поплавите во општина Новаци. -
Македонија 06.02.2015 10:02
Претседателот Иванов на 51-та Минхенска безбедносна конференција
Претседателот на Република Македонија,Ѓорге Иванов, од денеска до недела ќе учествува на 51. Минхенска безбедносна конференција, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски.









