Одбележани 143 години од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев. Во црквата Свети Спас, свежи цвеќиња положија делегации на владата, Собранието и на Град Скопје.
-
Македонија 04.02.2015 14:29
-
Македонија 04.02.2015 14:23
Новите врнежи можат да направат уште поголема штета во прилепско
Со новите врнежи нивото на водите е зголемено што незначи дека нема да настанат нови штети или излевање на реките од коритата, посочија од државното водостопанско претпријатие „Прилепско поле“, на денешниот редовен координативен состанок на Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 04.02.2015 14:17
Струмичко сеуште без вода
Струмица, Василево и уште осум населени места во струмичкиот регион, се уште се без вода за пиење, поради дефект на главната брана Турија. Екипите работат на терен, вода за населението е донесена од цистерни. Се очекува дефектот да биде отстранет.
-
Македонија 04.02.2015 14:03
Штрајкот прекинат, редовна настава во сите училишта
Редовна настава има во сите основни и средни училишта во земјава. Штрајкот на СОНК е прекинат.
Синдикатот се договори со Министерството за образование да се одложи примената на казните и наградите за наставниците, се додека не се согласат за нов модел на екстерно тестирање.
-
Македонија 04.02.2015 14:00
Пристигнуваат пратки хуманитарна помош за жителите од поплавените подрачја
Пристигнуваат пратки со хуманитарна помош за жителите од поплавените подрачја. Вода и лекови од Алкалоид и Пелистерка се доставени од пункот на Црвениот крст.
-
Македонија 04.02.2015 13:48
Поплави: Ситуацијата во Новаци е алармантна, ќе се пресече регионалниот пат до РЕК Битола
Алармантна е ситуацијата во битолско Новаци. Надојдената Црна река се заканува да го урне мостот до РЕК Битола. Опасност, најголемиот производител на електрична енергија во државава, да остане отсечен. Механизацијата и надлежните се на терен.
-
Македонија 04.02.2015 13:25
Отпадоците од кланиците безбедно да се складираат и отстранат
За да се намали здравствениот ризик за луѓето и добитокот, собирањето, транспортот и складирањето на отпадот од животинско потекло мора да се врши во соодветни услови. Треба да се почитуваат правилата за отстранување на потенцијалните опасности.
-
Македонија 04.02.2015 12:27
Лавина го затрупа патот кај манастирот Бигорски
Според СВР Тетово сообраќајот е во прекин, а за расчистување на наносот се повикани екипи од „Македонија пат“.
На возачите им се препорачува деновиве да не патуваат по долината на Радика и да не се задржуваат кај Бигорскиот манастир зашто има опасност од нови одрони.
-
Македонија 04.02.2015 10:48
Бесими: Одлагањето на преговорите со ЕУ, не е добро за стабилноста во регионот
Македонија е подготвена да ги почне преговорите со Европската Унија. Одлагањето поради блокадата од Грција и по шест препораки од Европската Комисија не е добро за стабилноста на регионот вклучувајќи го и нашиот јужен сосед.
-
Македонија 04.02.2015 10:11
Водата во пелагониските села Брод, Живојно, Вашарејца и Новоселани неисправна за пиење
Пелагониските села Брод и Живојно од општина Новаци и Вашарејца и Новоселани од општина Могила кои користат индивидуални водоводи имаат неисправна вода за пиење. Водата е забранета за пиење, миење и друга употреба, потврдија од ЈЗУ Завод за здравствена заштита-Битола.










