-
Македонија 03.02.2015 22:13
ОЈО ќе врши проверка за објавените материјали од средбата Груевски-Заев
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека согласно своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата меѓу претседателот на Владата Никола Груевски и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Мак -
Македонија 03.02.2015 18:28
Заразни заболувања во поплавените подрачја засега нема
Се уште нема појава на заразни заболувања во поплавените подрачја. Во Штип, Пробиштип, Неготино и во помалите места зафатени од поплавите водата не е безбедна за пиење. Здравствените работници апелираат граѓаните да пијат флаширана вода.
-
Македонија 03.02.2015 17:27
Поплави: Се градат насипи во Пелагонија
Топлото време коешто го топи снегот и најавите за поројни врнежи го вклучија алармот кај надлежните за превенирање. Во Пелагонискиот дел надојдената вода си бара простор. Црна Река се излева од своето корито. Рамните полиња се полни со вода.
-
Македонија 03.02.2015 17:10
Вајгел: Аферата „Пуч“ влијае врз угледот на Македонија
Последните настани поврзани со аферата Пуч предизвикаа загриженост меѓу европските парламентарци.
-
Македонија 03.02.2015 16:59
Црвениот крст почна со дистрибуирање хуманитарна помош во поплавените региони
Црвениот крст започна акција што ќе трае во наредниве 12 дена. Ги повикуваат компаниите да донираат вода и средства за дизинфекција, бидејќи според проценките тоа недостига во полавените подрачја. Исто така имаат жиро-сметка и мобилни телефони на коишто ќе можат да донираат граѓаните.
-
Македонија 03.02.2015 16:52
Струмичиот регион без вода, пролетното производство ќе го нема!
Дефект на главната водоводна линија од регионланиот водовод на браната Турија до утре на пладне ќе ги остави без вода за пиење жителите на Струмица, Добрејци, Дабиле, Градско Балдовци, Баница, Просениково, Василево, Градашорци, Ангелци и Едрениково, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 03.02.2015 16:29
Штети по поплавите: Мали се изгледите дека есенската сеидба ќе даде жетва
Временските непогодни го земаат својот данок. Огромна обработлива површина од најголемата житница е под вода. Според агрономите мали се изгледите дека есенската сеидба ќе даде жетва. На кочанските полиња има вода и до дваесет сантиметри, во Пелагонија и до половина метар.
-
Македонија 03.02.2015 16:18
Се стабилизира состојбата со поплавите во струшко
Се стабилизира состојбата со поплавените подрачја во струшко. Убавотот време, сонцето и повисоките температури беа причина за повлекувањето на водата. Пумпи за вода се уште може да се забележат по струшките дворови, но граѓаните велат дека состојбата се нормализира.
-
Македонија 03.02.2015 15:20
Вицепремиерот Бесими во посета на САД
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, престојува во официјална посета на САД, каде што во текот на денов ќе има неколку средби во Стејт департментот, во Националниот совет за безбедност и во Конгресот. -
Македонија 03.02.2015 15:08
Голема акција во Пелагонија: Со 10 илјади вреќи песок се зајакнува насипот на Црна Река
Во справување со заканите од нови поплави во Пелагонија се ангажирани над 250 војници и вработени во јавните претпријатија. Со 10 илјади вреќи песок се зајакнува насипот на Црна Река во населените места Лознани и Царлија.










