Вчера во 10:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.З.(22) и Н.Д.(23), двајцата од Кочани, затоа што при преглед кај нив, кај Д.З. е пронајдена и одземена марихуана, информираат од МВР.
-
Македонија 14.10.2025 14:01
-
Македонија 14.10.2025 13:40
Словачкиот претседател Пелегрини во Скопје
Словачкиот претседател Пелегрини во официјална посета во земјава. Беше пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести. Двајцата претседатели на тет-а-тет средба.
-
Македонија 14.10.2025 13:23
Мицкоски: Д-р Кузмановски имаше беспрекорна биографија
Случајот со директорот на Неврологија, Кузмановски сè уште ја бранува јавноста. Премиерот Мицкоски беше прашан дали ќе го разреши министерот за здравство, поради тоа што Кузмановски го поставил за директор во август месец.
Наташа Јанчиќ-Менковски известува.
-
Македонија 14.10.2025 13:17
Обнова на Железничката станица - Скопје
Еден од симболите на Скопје, Железничката станица, градена според проект на јапонскиот архитект Кензо Танге, повеќе нема да биде како рекламно пано, туку модерна со европски лик, изјави директорот на Македонски железници, најавувајќи го проектот за целосна реконструкција на железничката станица.
-
Македонија 14.10.2025 12:58
МВР домаќин на Конференцијата за воспоставување на Регионална асоцијација на полициски академии и центри за обука во ЈИЕ
Денеска во Скопје, Министерството за внатрешни работи беше домаќин на конференцијата за воспоставување на Регионална асоцијација на полициски академии и центри за обука во Југоисточна Европа, на која присуствуваа претставници од повеќе држави од регионот и меѓународни партнери.
-
Македонија 14.10.2025 12:50
Почна судењето за случајот „Талир 2“, на Груевски ќе му се суди во отсуство
Во Кривичниот суд одново почна судењето за случајот „Талир 2“ во кој обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски за незаконска изградба на партиското седиште. На барање на обвинителството нему ќе му се суди во отсуство поради опасност од застарување на делото.
-
Македонија 14.10.2025 11:48
Втора министерска средба за Зелената агенда за Западен Балкан во Дубровник
Во Дубровник денеска се одржува втората министерска средба за Зелената агенда за Западен Балкан (GAWB), во рамки на Берлинскиот процес 2025.
-
Македонија 14.10.2025 11:37
Почина музичарот Владимир Блажев-Панчо
Почина познатиот македонски музичар Владимир Блажев – Панчо од хип-хоп дуото ДНК, кој беше тешко повреден во пожарот што се случи ноќта на 16 март 2025 година во дискотека „Пулс“ во Кочани, и оттогаш се лекуваше во приватна болница во Скопје.
-
Македонија 14.10.2025 11:01
Уставниот суд организираше тркалезна маса за клучните елементи на Нацрт-закон за Судот
Настанот го отворија претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, и Симона Јорданов, национален офицер за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
-
Македонија 14.10.2025 10:42
Фон дер Лајен утре во Скопје на средба со државниот врв
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен ја почна турнејата низ Западен Балкан. Ќе ја реафирмира поддршката на ЕУ за членство на земјите од регионот. Утре доаѓа во Скопје на средба со македонскиот државен врв.









