„Се чувствувам виновен за сообраќајната несреќа, изразувам сочувство до фамилијата. Јас му давав помош, двајца полицајци беа таму“ – рече обвинетиот Фатон Љури, кој призна дека со мотоцикл го прегазил скопјанецот Југослав Николовски во пешачка зона, но негираше дека не му дал прв помош.
-
Македонија 10.10.2025 16:17
-
Македонија 10.10.2025 16:04
МАНУ го одбележа Денот на академијата
МАНУ како највисока научна и уметничка институција во државата има долг и обврска да обезбеди иднина во која македонскиот јазик, култура и идентитет ќе бидат безбедни и неоспорувани, истакна претседателот Живко Попов во обраќањето на Денот на академијата.
-
Македонија 10.10.2025 15:48
Повторно дежурства на детското одделение во охридската болница
Повторно започна со работа детското одделение во охридската болница. По четири години, откако беше затворено поради недостиг на педијатри, конечно се обезбедени шест специјалисти за исполнување на трисменски дежурства.
-
Македонија 10.10.2025 15:37
И по шест месеци од Кочани се бара психолошка поддршка
На повредените или индиректно засегнати од пожарот во Кочани, сè уште им се пружа психијатриско-психолошка помош. Лузните заздравуваат, но борбата со менталните нарушувања ќе трае, вели директорката на Клиниката за психијатрија, Славица Арсова.
-
Македонија 10.10.2025 15:14
Спречено криумчарење на 11 златни монети вредни девет илјади евра – поднесена кривична пријава до едно лице
На граничен премин Богородица спречено е криумчарење на 11 златни монети со вкупна тежина од 71 грам и со вкупна вредност од 567 илјади денари.
-
Македонија 10.10.2025 14:23
Фон дер Лајен в среда во Скопје на средби со државниот врв
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во рамки на балканската турнеја во среда ќе пристигне во Македонија.
-
Македонија 10.10.2025 13:35
Поднесена кривична пријава за нападот врз Шаини
Лекарот Зекирија Шаини, кон кого во вторникот беше пукано од огнено оружје одржа прес-конференција. Шаини, кој во нападот се здоби со прострелни рани ги отфрли информациите дека се работи за семејно недоразбирање и побара да се најде вистинскиот сторител.
-
Македонија 10.10.2025 13:23
Повторно е отворено детското одделение во болницата во Охрид
Родителите во Охрид можат да здивнат. Повеќе нема потреба да патуваат за Струга, кога нивните деца ќе се разболат. Повторно се воведени дежурства во детското одделение во болницата по неколку годишниот застој поради немањето педијатри.
Известува Соња Рилковска
-
Македонија 10.10.2025 13:23
Светски ден на менталното здравје
Нема здравје без ментално здравје, ова е пораката која Светската здравствена организација и Обединетите нации ја испратија на Светскиот ден. Но, каква е ситуацијата во Македонија?
Александра Велинова ја следеше прес-конференцијата.
-
Македонија 10.10.2025 13:19
Фатон Љури призна вина дека го прегазил Југослав Николовски
Во Кривичниот суд, прво рочиште за смртоносното прегазување на скопјанецот Југослав Николовски, кој настрада откако во него удри мотоциклист, иако се движел во пешачка зона. Обвинетиот Фатон Љури призна вина дека го сторил делото, но не и дека не му укажал помош на повредениот.










