Во Собранието доделена државната награда „11 Октомври“ за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството.
Известува Марина Стојанова- Тонева.
Во Собранието доделена државната награда „11 Октомври“ за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството.
Известува Марина Стојанова- Тонева.
Денес, кога ја славиме храброста на нашите предци, нека знаат и нашите потомци – Македонија оди по вистинската патека.
Со падот на температурите граѓаните веќе започнаа со затоплување на своите домови и пред официјалниот почеток на грејната сезона. Дрва, пелети, струја. Изборот за начинот на греење се сведува на економската исплатливост пред сè, но и на навиките на граѓаните.
Во Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ за 2025 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, истакнувајќи дека овој празник е потсетник на храброста и пожртвуваноста на генерациите кои ја извојуваа слободата и ја создадоа македонската држава.
Продолжува предизборната кампања за локалните избори. Партиските карвани и независните ги претставуваат своите програми во обид да ги добијат гласовите од граѓаните.
Под мотото „Се бориме за нашиот дом“, СДСМ денеска ќе одржи собири во Желино, Теарце, Тетово и Јегуновце.
Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик на правното лице „Марковски компани“ му е определена мерка притвор, соопшти Јавното обвинителство.
Министерот Азир Алиу го разреши директорот на Универзитетска Клиника за неврологија, Игор Кузмановски откако се појави видео во кое се гледа како меша прашкаста материја во чинија и зборува за кокаин.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните подрачја ќе има услови за локален слаб дожд.
Денеска се одбележува 11 Октомври- Денот на народното востание. На овој ден во 1941 година почнува Народноослободителната антифашистичката војна во Македонија. Празникот и годинава традиционално ќе се одбележи со свечена академија, положување цвеќиња и доделување државна награда.