Полицијата рано изутрина уапси поранешни функционери од одбраната и актуелни бизнисмени.
Според првичните информации се товарат за криминал тежок неколку милиони долари. Криминалот го правеле при сервисирање на хеликоптерите.
Полицијата рано изутрина уапси поранешни функционери од одбраната и актуелни бизнисмени.
Според првичните информации се товарат за криминал тежок неколку милиони долари. Криминалот го правеле при сервисирање на хеликоптерите.
Загина 55 годишен возач од тетовско Горно Седларце. Во неговиот автомобил удрил возот што се движел на релација Кичево – Скопје. По ударот човекот добил тешки телесни повреди од кои починал на самото место.
Во Македонија се ширела анти-грчка пропаганда, Мицоткис наводно бил во право кога своевремено не обвинувал за иредентизам, а македонскиот државен врв бил во делириум - ова се само дел од ставовите што поранешниот лидер на Либералната партија Стојан Андов ги сп
По два месеца ДПА се врати во Собранието. Нема да влеземе во сценариото на ДУИ за замолчување на опозицијата вели пратеникот Алиу.
И покрај шестата по ред позитивна препорака, Република Макеоднија на претстојниот Совет на ЕУ, нема да добие датум за почеток на преговорите, експлицираше вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.
Речиси 44 проценти од децата во петто одделение имаат зголемена телесна тежина, а 20 проценти се дебели. Вишокот килограми не ги заобиколуваат ниту децата во градинките. Коренот за најновите аларамантни податоци лекарите го гледаат во семејството.
Шест поранешни детски одморалишта ќе прераснат во нови туристички атракции. Државата преку оглас бара инвеститори кои ќе ги заживеат овие запуштени објекти. Ќе треба да развијат бизнис и да отворат нови работни места.
Уапсена 51–годишна благајничка на Институтот за белодробни заболувања и туберколоза. Проневерила 70 илјади евра. Финансиската полиција ја уапсила по добиената дојава од менаџментот на Институтот дека се сомневаат во висината на остварените приходи од дадените услуги на пациентите.
Мостот „Гемиџии“ во Велес е комплетно рехабилитиран. По седум месеци интензивно работење зајакната е конструкцијата на мостот, коловозната плоча, пешачката патека. 34 милиони денари го чинеше ЈП за Државни патишта целокупната санација.
Поголем придонес во мировните мисии на светската организација, бидејќи регионот има високо квалификувани и добро подготвени војници и офицери. Едно од барањата на конференцијата во Белград. Македонија може да се пофали со големо искуство на ова поле.