Почувствуван земјотрес во Скопје, епицентар во Косово

06.04.2015 11:38

Земјотресот е почувствуван во северниот дел од територијата на Република Македонија и тоа во Скопје и околината со интензитет од IV степени...

Во 10 часот и 50 минути, Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет регистрира земјотрес со епицентар на околу 50 километри северно од Скопје, на територијата на Косово.

Според досегашните макросеизмички податоци, земјотресот е почувствуван во северниот дел од територијата на Република Македонија и тоа во Скопје и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала–1998.