Кривична пријава против две кумановки и пет банкарски службеници за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување, оштетиле повеќе граѓани за сума од над 12 милиони денари.
-
Македонија 22.10.2026 11:01
-
Македонија 22.10.2026 09:44
Јаневска на министерски состанок за истражување и иновации во Брисел
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска во Брисел ќе учествува на министерскиот состанок на Управувачката платформа за истражување и иновации за Западен Балкан, во организација на Европската комисија.
-
Македонија 22.10.2026 09:01
Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител
Канцеларијата на Народниот правобранител, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Канцеларија на Постојаниот координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија денеска во Собранието организира дебата за потребата од измени и дополнувања на Законот за народниот правобранител.
-
Македонија 22.10.2026 08:37
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 22.10.2026 08:24
Премиерот Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора
Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествува на Самитот на Берлинскиот процес, кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора. Во фокусот на разговорите ќе бидат економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзувањето на интеграцијата во Европската Унија.
-
Македонија 22.10.2026 08:15
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
-
Македонија 21.10.2026 19:57
Пензионерите бараат линеарно покачување и нов закон
Бараме линеарно зголемување на пензиите и тоа не е противуставно, порачаа претставниците на иницијативните одбори на пензионерите од Македонија на денешниот протест во Прилеп. -
Македонија 21.10.2026 18:50
Селска депонија кај Еднокуќево ја зачади струмичката котлина
Пожарот на селската депонија кај Еднокуќево е изгаснат а критичните жариште потрупани со земја. Цела вечер жителите од оваа и околните населени места се задушуваа во чад и непријатна миризба. Денеска на терен освен пожарникарите интервенираше и градежна механизација.
-
Македонија 21.10.2026 18:28
Десет возачи лишени од слобода за безобѕирно управување, седум возеле без возачка дозвола
Десет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило. Седум од нив возеле без положен возачки испит, двајца и покрај активна забрана за управување, а еден под дејство на алкохол, информира Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 21.10.2026 18:13
Ново рочиште за кочанската трагедија
После неколку судски рочишта заврши исказот на градежниот вештак предложен од газдата на „Пулс“ и првообвинет во случајот Дејан Јованов.










